Изреки 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Опомената на мудроста

1 Ис 25,6-9; Мт 22,1-14; Лк 14,15-24; 15,22-24; Откр 19,9 Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови,

2ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја;

3ги испрати слугите свои да огласат од градските височини:

4„Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече:

5„Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила;

6оставете ја неразумноста, и ќе живе­ете; одете по патот на разумот.“

Мудриот и безумниот

7Кој поучува бесрамник, ќе си спе­ча­ли укор, и кој го разобличува нечес­ти­вецот – срам.

8Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.

9Дај му совет на мудриот, и тој ќе би­де уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење.

10Почеток на мудроста е верноста кон Господ, а почитувањето на Светиот е разум;

10а помисла на добриот е да се знае за­конот,

11зашто преку мене ќе ти се умножат дните, и ќе ти се додадат години на жи­вотот.

12Ако си мудар, мудар си за себеси; и ако си лош, самиот ќе страдаш.

12а Кој се крепи на лага, тој пасе вет­рови, ги гони птиците во лет,

12б ги оставил патиштата на своето лозје и се вози со кола по сопствената нива,

12в минува низ безводна пустина и земја осудена на суша, со рацете свои собира бесплодност.

За глупоста

13 20,17; Пс 64 Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира,

14седнува пред куќната врата на стол, по високите места на градот,

15за да им вели на минувачите, што си одат право по патот:

16„Кој е глупав, нека наврати тука“, а на малоумните им вели:

17„Крадената вода е слатка, и сокри­е­ниот леб е – пријатен.“

18И тој не знае дека таму се мртов­ци­те, и дека поканетите од неа се на дното од пеколот.

18а Но ти отргни се, не се задржувај на тоа место, не го задржувај ни погледот таму.

18б Така ќе минеш преку туѓа вода, ќе прегазиш туѓа река.

18в Бегај од туѓа вода и не пиј од туѓ извор

18г за да живееш долго време и да ти се продолжи животот уште.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help