1 10,25.30 Безбожниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав.
211,11Кога земјата ќе отстапи од законот, тогаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна.
310,15Човек сиромав кој врши зло над слабите е исто како излеан дожд, кој нанесува штета.
428,7.9; 29,18Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што го почитуваат законот, негодуваат против нив.
52,9Лошите луѓе не ја разбираат справедливоста, а оние што Го бараат Господа, разбираат сѐ.
619,1Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној што ги искривува своите патишта, макар и да е богат.
723,20Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татко си.
813,22Кој го умножува имотот свој преку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите.
915,8; 21,27Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквта и молитвата му е одвратна.
1026,27Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро.
113,7; 18,17; 26,5.12Богатиот човек самиот се смета за мудрец, но умен сиромав ќе го разобличи.
1211,10; 28,28; 29,2Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога безбожниците се издигаат, луѓе гинат.
1312,13; 1 Јн 1,9Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се кае и ги остава, ќе биде помилуван.
1423,17Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ќе падне во неволја.
1519,12Лав што рика и мечка гладна, тоа е безбожниот властодржец над беден народ.
1615,27Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ќе има долги дни.
1727,20Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој.
17а Казнувај го синот свој и ќе те засака; ќе ја весели твојата душа – нема нечесните да ги слуша.
1810,27Кој оди непорочно, ќе биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ќе падне на еден од нив.
1912,11; 20,13Кој си ја обработува земјата, ќе се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ќе се насити со сиромаштија.
2020,21Верен човек ќе биде многу благословуван, а кој брза да се збогати, не останува без казна.
2124,23Не е добро да се биде лицемерен: таков човек и за парче леб ќе изврши неправда.
2221,5Завидлив човек брза кон богатството и не мисли дека сиромаштијата ќе го стигне.
2327,5-6; 29,5Кој разобличува човек, отпосле ќе најде поголема благонаклоност, отколку оној што му ласка со јазикот.
2418,9; 19,26; Мт 15,5Кој го краде татко си и мајка си и вели: „Тоа не е грев“, тој им е соучесник на грабителите.
2515,18.27Горделивиот предизвикува караници, а кој се надева на Господ, ќе преуспее.
263,5Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ќе биде спасен.
2722,9Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ќе биде проколнуван.
2828,12Кога безбожните се издигаат, луѓето се кријат, а кога паѓаат, праведниците се умножуваат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.