Сирахова 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Претпазливост

1Не карај се со силен човек, за да не паднеш некогаш во неговите раце.

2Изреки 10,15Не суди се со богат човек, за да не го загубиш своето право:

3златото погубило многумина; тоа измамило и срца на цареви.

4Не карај се со дрзок човек; не клавај дрва на неговиот оган.

5Проп 7,20; Мт 7,1-5; Рим 3,9-20; 1 Јн 1,8-10Не шегувај се со невоспитан човек, за да не бидат изложени твоите прадедовци на осрамотување.

63 Мојс 19,32; Мудр 4,8Не прекорувај човек којшто се от­тргнал од својот грев; не заборавај дека сите сме виновни.

7Стар човек не презирај, зашто и ние старееме.

8Изреки 14,35; 16,13-14Не радувај се кога некој умре; спомни си дека сите ние ќе умреме.

9Јов 15,18; Кол 4,6Биди внимателен кон она што го ка­жуваат и размислувај за мудрите, по­чи­ту­вај ги нивните мудри изреки;

10бидејќи од нив ќе добиеш поука: ќе се научиш како да им служиш на силни­те.

11Не потценувај го кажувањето на старците, зашто и тие се учеле од сво­ите татковци;

1229,4од нив ќе се научиш на разумност; ќе научиш кога и каков одговор да да­ваш.

1329,14-20; Изреки 6,1-5Не разгорувај ги гламјите на греш­никот, за да не изгориш во пламенот на неговиот оган.

14Не дозволувај подбивачот да се раз­гневи, за да не ти постави стапица на ус­та­та твоја.

15Не давај заем на човек посилен од тебе; ако, пак, му дадеш, сметај го даденото за загубено.

16Изреки 22,24Не застапувај се за друг надвор од своите можности; ако го сториш тоа, сметај дека си задолжен да платиш.

17Изреки 11,13Не суди се со судија, зашто ќе му пресудат според неговата чест.

18Не поаѓај на пат заедно со премногу смел човек, зашто ќе ти дотегне; тој ќе постапува како што сака, а од лудоста негова и ти можеш да загинеш.

19Со дрзок човек не почнувај кавга и по пустина не патувај со него, зашто пред неговите очи крвта е ништо, на место беспомошно тој и ќе те погуби.

20Не советувај се со глупак, зашто тој не може да сокрие тајна.

21Пред туѓинец не откривај тајни, зашто не знаеш што ќе направи тој.

22Срцето твое не откривај го на секој човек; не чекај добро од секого.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help