2 Царства 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давид и Сива

1 4,4; 9,1-13; 1 Цар 25,18 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доаѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино.

217,27-29Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодо­вите – за храна на момците, а виното – за изнемоштените во пустината.“

319,27-29Царот праша: „Каде е синот на гос­подарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Ерусалим и вели: ‚токму сега домот Израилев ќе ми го врати татковото ми царство.‘“

4И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар – цар!“

Семеј го проколнува Давид

5Кога царот Давид стигна до Баху­рим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Семеј, син на Гера. Тој одеше и лошо зборуваше,

6и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.

721,1-9Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику!

8Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“

919,22; 2 Мојс 22,28Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“

1015,25-26; Рим 9,20; 1 Птр 2,23Царот рече: „Што ви е вам, синови Саруеви? Оставете го нека колне, за­што Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“

11И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венијами­нов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал;

12можеби, Господ ќе погледне милос­тиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денешното колнење!“

13И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, от­кај неговата страна; врвеше, колнеше и фрлаше камења и земја кон него.

14И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.

Кушиј се здружува со Авесалом

15 15,37 Авесалом, пак, и сиот израилски на­род дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.

161 Цар 10,24; 3 Цар 1,25.31.34.39Кога Кушиј, Давидовиот прв пријател, дојде кај Авесалом, му рече: „Да живее царот!“

17И Авесалом му рече на Кушиј: „Ка­ква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?“

1815,34Кушиј му одговори на Авесалом: „Не, јас ќе одам по оној што го избра Господ и оној народ и целиот Израил; со него сум и јас, и со него ќе останам.

19И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.“

Авесалом и Давидовите наложници

20 Суд 20,7 И Авесалом му рече на Ахитофел: „Дајте совет што да правиме.“

2115,16; 1 Цар 13,4Ахитофел му одговори на Авеса­лом: „Влези кај наложниците на татко ти што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израилци дека си станал омразен за таткото, и ќе им за­цврстат рацете на сите што се со тебе.“

2212,11-12И поставија за Авесалом шатор на покривот, и Авесалом влезе кај налож­ниците на татко си пред очите на сиот Израил.

23А советите што ги даваше Ахито­фел, во она време се сметаа, како кога некој би Го допрашувал Бога. Таков бе­ше секој Ахитофелов совет како за Давид, така и за Авесалом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help