4 Царства Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
Вовед Четвртата книга Царства е продолжеток на третата книга со истиот наслов: таа го прикажува владеењето на последните монарси од царствата на Јуда и на Израил.Првиот дел (1–17) нѐ води до распаѓањето на царството Израил, со кое лошо управуваат царевите неверни на Бога. Поради нивната тврдокорност Бог му допушта на Салманасар, цар на Асирија, да тргне во поход на Самарија, главниот град на израилското царство на север. Тоа се случува во 722 година пред Христовото раѓање, кога царот еден дел од населението го одведува во прогонство. Во повеќето глави од овој дел на книгата најмногу е истакнат ликот на пророкот Елисеј, ученик на Илија и негов наследник (2–13).Вториот дел од оваа книга (18–25) го опишува периодот од 130 години, во кој царството на Јуда опстојува самостојно, сѐ до времето кога царот Навуходоносор од Вавилон го освојува на Ерусалим во 587 год. пред раѓањето на Христос. Тој го разорил храмот и ги одвел во прогонство, односно ги депортирал во Вавилонија најугледните граѓани на Јудеја (25).