1 42,14; 60,1.3; Авак 3,4 Нема да замолчам заради Сион, ниту ќе се успокојам заради Ерусалим, додека правдата негова не изгрее како светлина, и спасението негово – како запалена светилка.
256,5; 60,14; 65,15; Откр 2,17; 3,12И народите ќе ја видат твојата правда, и сите цареви – твојата слава; и ќе ги наречат со ново име, кое устата Господова ќе го определи.
3Ез 16,12И ќе бидеш венец на слава во раката Господова и царска круна – врз дланката на твојот Бог.
41,26; 49,14-21; 54,1-8; 60,15; Ос 2,23Нема веќе да те нарекуваат „оставен“, ниту земјата твоја повеќе ќе ја именуваат „пустина“, туку ќе те нарекуваат „Мое благоволение кон него“, а земјата твоја – „омажена“, зашто Господ благоволил кон тебе, и земјата твоја ќе биде мажена.
561,10; 65,19Како што момче се жени со мома, така и синовите твои ќе се соединат со тебе; и како што младоженецот се радува на невестата, така ќе ти се радува тебе твојот Бог.
621,6-8; 49,16; 52,8; Ер 6,17На ѕидовите твои Ерусалиме, поставив стража, која нема да молкне ни дење, ни ноќе. О, вие што Го спомнувате Господа, не замолкнувајте!
760,18; 61,11Не замолчувајте пред Него, додека Тој не го обнови Ерусалим и додека не ја издигне славата негова на земјата.
841,10; 45,23; 54,9; 65,22; 5 Мојс 28,30-35.51; Амос 9,14Господ се заколна во десницата Своја и во силната рака Своја: нема повеќе да го дава твоето жито за храна на непријателите твои; и синови на туѓинци нема да го пијат виното твое, за кое си се трудел;
95 Мојс 14,23но собирачите негови ќе го јадат и ќе Го слават Господа, и берачите на грозјето ќе го пијат виното негово во дворовите на Моето светилиште.
1011,12.16; 35,8; 40,3; 49,22; 57,14Минувајте, минувајте низ портите, приготвувајте пат за народот! Рамнете, рамнете го патот, собирајте ги камењата, кренете знаме за народите!
1135,4; 40,10; 48,20; Зах 9,9; Мт 21,5; Откр 22,12Ете, Господ објавува до крајот на земјата: кажете ѝ на ќерката Сионова: твојот Спасител иде; наградата Негова е со Него, а отплатата Негова – пред Него.
121,26; 35,10; 51,11; 60,14И ќе ги наречат свет народ, откупен од Господ, а тебе ќе те наречат „баран“, „Незаборавен град.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
