Еремија 31 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил ќе Му се врати на Бога

1 мажот.

Господ ќе ги врати Јудејците дома

23 50,7 Така вели Господ Саваот, Бог Изра­илев: во иднината, кога ќе ги вратам ро­бовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ќе го кажуваат овој збор: „Господ нека те благослови, жи­ве­а­лиште на правдата, света горо!“

24И ќе се насели во неа Јуда и сите негови градови заедно, земјоделците и оние што пасат стада.

25Ис 28,12; Пс 35,8; Мт 11,28Бидејќи Јас ќе ја напојам изморената душа и ќе ја наситам секоја малакса­на душа.

26Потоа се разбудив и погледнав, и сонот ми беше пријатен.

2730,19Ете, идат дни, вели Господ, кога ќе посеам во домот Израилев и во домот на Јуда семе човечко и семе од добиток.

281,10И како што бдеев над нив, кога ги искоренував и ги уништував, кога ги разрушував, погубував и повредував, та­ка ќе бдеам над нив, кога ќе ги издигнувам и насадувам, вели Господ.

29И тогаш, нема да велат веќе: „Тат­ковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им фаќаат скомина.“

305 Мојс 24,16; 4 Цар 14,6Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ќе јаде кисело грозје, нему забите ќе му фаќаат скомина.

Нов завет со Израил и Јудеја

31 2 Кор 3,6; Евр 9,15 Еве настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со до­мот на Јуда нов завет.

3211,10Не онаков завет, каков што склучив со предците нивни во денот, кога ги фа­тив за раце, за да ги изведам од египет­с­ката земја; тој Мој завет тие го на­ру­ши­ја, иако останав во сојуз со нив, вели Господ.

337,23; 32,38; Ез 36,28; Зах 8,8Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон внатре во нив, и ќе го напишам во срцата нивни, па Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

3424,7; 50,20; Ис 11,9; Јн 6,45И нема повеќе да учат еден друг, брат брата и да зборуваат: „Познајте Го Господа“, зашто сите тие, од мал до го­лем, сами ќе Ме знаат, вели Господ, би­дејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да се сеќавам.

3532,18; 1 Мојс 1,16; Амос 5,8.27Така вели Господ, Кој го даде сонцето да свети дење, и им даде наредба на месечината и на ѕвездите да светат ноќе, кој Го бранува морето, кога брановите негови бучат; Господ Саваот е името Негово.

36Ако тие наредби престанат да ги применуваат пред Мене, вели Господ, тогаш и племето Израилево ќе прес­та­не да биде народ пред Мене засекогаш.

37Така вели Господ: ако може да се измери небото угоре и основите на земјата да се испитаат удолу, тогаш и Јас ќе го отфрлам сето племе израилско, за сѐ она што го правеа, вели Господ.

Ерусалим ќе биде обновен

38Еве, доаѓаат дни, вели Господ, кога градот ќе биде обновен за слава на Гос­под, од кулата на Хананел до Аголната Порта,

39и мерката на земјата од ридот ќе отиде уште погоре, токму до ридот Га­рев и ќе свие кон Гоа.

40Јоил 3,17И целата долина на труповите и на пепелта, и целото поле до потокот Кед­рон, до аголот на Коњската Порта спрема исток, ќе биде светиња Гос­подова; нема да се искоренува и нема да се разрушува довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help