Осија 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил Го отфрла Господа

1 5,8; 6,7; 9,15; Ер 12,7; Ез 3,17; 33,7; Јоил 2,1; Авак 1,8 Стави ја трубата на уста! Непри­јателите како орли го напаѓаат До­мот Господов, зашто тие го нарушија за­ветот Мој и го престапија законот Мој.

26,1-3; Ер 14,8-9Иако викаат кон Мене: „Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израил.“

3Израил го отфрли доброто; затоа не­пријател ќе го гони.

41 Цар 8,1; 11,12; 4 Цар 15,10.14.25Си поставуваа цареви свои, без Ме­не; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое напра­ви­ја идоли: тоа им е за погибел.

510,5-6; 13,2; 3 Цар 12,28.32; 4 Цар 17,16Го мразам телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ќе можат да се исчистат оние што се во Израил?

613,2; 2 Мојс 20,4; 34,17; Авак 2,18-19И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа ќе биде скршено на пар­чи­ња телето твое, Самаријо!

710,13; Јов 4,8; Изреки 22,8; Гал 6,7Бидејќи сееја ветар, бу­ра ќе пож­не­ат; житото нема да им 'рти, нема да да­де брашно; ако, пак, и даде, туѓинци ќе го изедат.

8Проголтан е Израил; меѓу народите сега е како скршен сад.

95,13; 7,11; Ез 16,32-34; Јов 39,5-8Тие скитаат осамени како диви ма­га­риња; Ефрем со подароци ја купува­ше благонаклоноста на другите.

10Па, иако праќаше дарови на народите, наскоро Јас ќе ги соберам, и тие ќе почнат да страдаат од царот и кнезо­вите;

1110,1; 12,12иако Ефрем изгради многу жрт­ве­ници за грев – за грев и му послужија тие исти жртвеници.

12Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за туѓи.

136,6; 9,3.9; 11,5; 5 Мојс 28,68; Амос 5,22Во жртвените приноси Мене Ми принесуваат месо и го јадат; на Господа тие не му се угодни; сега Тој ќе се при­сети за нивното бесчестие и ќе ги казни за гревовите нивни; ќе ги врати во Еги­пет.

145 Мојс 32,15.18; Ис 17,10; Ер 2,32; Амос 2,5Израил го заборави Создателот свој, за себе си изгради дворци, а и Јуда изгради многу утврдени градови; но Јас ќе испратам оган врз градовите негови – и тој ќе му ги проголта дворците не­го­ви.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help