Броеви 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Народот на Израил во Синајската ПустинаПрво пребројување на израилските племиња

1 2 Цар 24,1-9; 1 Лет 21,1-6 И му рече Господ на Мојсеј во Синајската Пустина, во скинијата на собранието, во првиот ден од вториот месец, на втората година, откако беа излегле од египетската земја, велејќи:

22 Мојс 30,11-16„Пребројте ја целата заедница на си­новите израилски според родовите нив­ни, според семејствата нивни, според бројот на имињата нивни, сите од маш­ки пол до еден;

32 Мојс 4,14; 30,14; 1 Лет 5,18од дваесет години нагоре, сите спо­собни за војна во Израил; според легиите нивни пребројте ги ти и Арон;

42 Мојс 18,21; 5 Мојс 1,15; Ис.Н. 22,14заедно со вас треба да има од секое колено по еден претставник, кој е старе­шина на родот свој.

57,30; 10,13-28И еве ги имињата на мажите, кои ќе бидат со вас: од Рувим – Елицур, синот на Шедеур;

6од Симеон – Шелумиел, синот на Цуришадај;

7Лк 3,32-33од Јуда – Наасон, синот Амина­да­вов;

8од Исахар – Натанаил, синот на Цуар;

9од Завулон – Елијав, синот Хелонов;

10од синовите на Јосиф: од Ефрем – Елишама, синот Амиудов; од Манасија – Гамалиил, синот на Педацур;

11од Венијамин – Авидан, синот Гидониев;

12од Дан – Ахиезер, синот на Ами­шадај;

13од Асир – Пагиил, синот на Охран;

142,14; 7,42од Гад – Елјасаф, синот на Деуел;

15од Нефталим – Ахира, синот Ена­нов.

162 Мојс 18,21-25Тоа се избраните мажи од народот, старешините на татковските племиња, началници на израилските легиони.“

17Тогаш Мојсеј и Арон ги зедоа тие именувани мажи

182 Мојс 30,14; 1 Езд 2,59; Евр 7,3и го собраа сиот народ на првиот ден од вториот месец; и тие ги објавија своите родословија, според родовите свои, според семејствата свои, според бројот на имињата, од дваесет години и нагоре, сите до еден,

19како што му беше заповедал Господ на Мојсеј. И тој го изврши пребројувањето нивно во Синајската Пустина.

201 Мојс 10,15; 29,32; Дела 7,4-8Од Рувим, првородениот Израилев син, според родовите нивни, според се­мејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, од машки пол, од дваесет години нагоре, способни за војна,

21се изброија од племето Рувимово четириесет и шест илјади и петстотини.

221 Мојс 29,33Од потомците Симеонови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата, сите до еден, сите од машки пол, од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

23се изброија од племето Симеоново педесет и девет илјади и триста.

241 Мојс 30,11; Ис.Н. 13,24-28Од потомците Гадови според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

251 Лет 5,11изброија од племето Гадово чети­риесет и пет илјади шестотини и пе­десет.

26Мт 1,2Од потомците Јудини според родо­вите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

27изброија од коленото Јудино седум­десет и четири илјади и шестотини.

281 Мојс 30,18Од потомците Исахарови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

29се изброија од племето Исахарово педесет и четири илјади и четиристотини.

301 Мојс 30,20Од потомците Завулонови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нив­ни, според бројот на имињата (нив­ни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

31се изброија од племето Завулоново педесет и седум илјади и четиристотини.

321 Мојс 41,52; 49,26Од потомците на Јосиф, синовите Ефремови, според родовите нивни, според семејствата нивни, според до­мовите на предците нивни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

331 Лет 7,20се изброија од племето Ефремово четириесет илјади и петстотини.

341 Мојс 41,51; Откр 7,6Од потомците Манасиеви според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците ни­вни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

35се изброија од племето Манасиево триесет и две илјади и двесте.

361 Мојс 35,18; Ер 32,44; 2 Лет 17,17Од потомците Венијаминови според родовите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нив­ни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

37се изброија од племето Венија­миново триесет и пет илјади и четири­стотини.

381 Мојс 30,6; 5 Мојс 33,22Од потомците Данови според родо­вите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нив­ни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

39се изброија од племето Даново, шеесет и две илјади и седумстотини.

4030,13Од потомците Асирови според ро­довите нивни, според семејствата нивни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нивни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

41се изброија од племето Асирово четириесет и една илјада и петстотини.

421 Мојс 30,8Од потомците на Нефталим според родовите нивни, според семејствата нив­ни, според домовите на предците нивни, според бројот на имињата (нив­ни, еден по еден, сите од машки пол), од дваесет години нагоре, сите способни за војна,

43се изброија од племето Нефтали­мово педесет и три илјади и четиристотини;

44тоа се оние, што влегоа во пребројувањето и што ги преброија Мојсеј и Арон и началниците израилски – два­наесетмина луѓе, по еден човек од секое племе.

45Сите, влезени во пребројувањето, потомци Израилеви, од дваесет години и нагоре – сите од Израил способни за војна,

462,32; 26,51изброени беа шестотини и три илјади петстотини и педесет.

Посебната улога на Левиевото колено

47А левитите меѓу нив не беа броени според татковите им племиња.

48И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

492,33„Само Левиевото колено не пребројувајте го и не мешајте го со синовите на Израил;

503,6-8; Ез 48,8-14; Дела 7,44; Откр 15,5но на левитите довери им ја скинијата на собранието, сите нејзини при­над­лежности и сѐ што е во неа: тие нека ја носат скинијата и сите нејзини при­над­лежности и да служат во неа, и околу скинијата да бидат распоредени;

5110,17.21а кога ќе треба да се пренесува скинијата, левитите да ја креваат, и кога ќе треба да се застане, левитите да ја симнат; ако, пак, до неа пристапи некој од друго племе, да биде убиен.

52Синовите израилски треба да бидат распоредени секој во својот логор, секој кај своето знаме, во својата чета.

532 Мојс 38,21; 3 Мојс 10,6; 5 Мојс 9,22А левитите да се сместат околу скинијата на собранието, за да не падне гнев врз општеството на синовите из­раилски; левитите да стојат на стража при скинијата на собранието.“

54И направија синовите на Израил сѐ: онака како што му заповеда Господ на Мојсеј, така направија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help