1Одговори Јов и рече:
2„О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!
3Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки.
47,20; 9,34; 16,13; 30,15; Пс 37,2; 88,16-18Стрелите на Седржителот се во моето тело; духот мој нивниот отров го пие; ужасите Божји се управија против мене.
539,5-8Рика ли диво магаре при трева? Мука ли бик над крмата своја?
66,30Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето?
7До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста.
87,15; 4 Мојс 11,15; 3 Цар 19,4; Јона 4,3О, да се беше збиднала желбата моја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое!
9О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме удреше со раката Своја и да ме уништеше!
105 Мојс 6,7; Пс 77,5-6Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна болест, бидејќи не се откажав од зборовите на Светиот.
11Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој?
1214,18Тврда како камен ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое?
13Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа?
1429,12-13; 31,16-20; Изреки 30,9Кој одбива милост кон ближниот свој, ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог?
15Ер 15,18Како поток ме напуштија браќата мои, како бујни потоци коритото свое.
1637,10Како снег и мраз што се топат од топлина и не се познава што имало.
17Во сушно време тие намалуваат, а во време на жеги исчезнуваат од местата свои.
18Ја менуваат насоката на патиштата свои, навлегуваат во пустина и се губат;
19погледнуваат кон нив карваните темајски, им се надеваат патниците од Сева,
20Ер 14,3но остануваат измамени во својата надеж: одат таму и црвенеат од срам.
21Такви сте и вие сега кон мене: видовте стравотија и се исплашивте.
22Ер 15,10Ви реков ли: дајте ми, или подајте ми нешто од вашиот вишок;
23избавете ме од раката душманска, откупете ме од раката на мачителите?
2410,2; 13,23Научете ме, и јас ќе замолчам; покажете ми во што сум згрешил.
25Колку се силни искрените зборови! Но што кажуваат вашите прекори?
2635,13Мислите ли зборовите мои да ги изобличите? Во ветар ги фрлате зборовите ваши!
27Го напаѓате сиракот и му копате јама на пријателот свој.
28Но, ве молам, погледнете ме: зборувам ли лага пред вашето лице?
29Погледајте: има ли неправда? Погледајте – правдата е на моја страна.
306,6; 34,3Има ли во јазикот мој неправда? Зар грлото мое не може да го разликува лошото?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.