1Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета.
2 од денот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“
4 се качи на рамниот покрив од куќата да се помоли.
1022,6И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес,
11Мт 3,16; Јн 1,51и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на некое големо платниште, врзано за четирите краишта, и се спушташе на земјата.
12Рим 1,23Во него имаше секакви четириножни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески.
13И дојде глас кон него: „Петре, стани, заколи и јади!“
144,14А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“
1515,9; 1 Мојс 9,3-4; Мт 15,11; Ефес 2,19И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сме тај за нечисто!“
16Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото.
17И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата.
18Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“
19И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те бараат тројца луѓе.
209,10-11; 11,12Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“
2110,21Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дошле?“
22Лк 1,6; 2,25А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојазлив, познат по своите добрини меѓу сиот јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“
23Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија.
24Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, повикувајќи ги своите роднини и блиски пријатели.
25Мт 9,18Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони.
2614,15; Откр 19,10; 22,9А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“
27И така разговарајќи со него, влезе внатре, каде што најде мнозина собрани.
2811,9; 15,9; Гал 2,12-16И им рече: „Вие знаете дека на човек Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но мене Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист.
2910,20; 11,12Затоа, кога бев поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“
30Лк 24,4И Корнилиј одговори: „Пред четири дена, сѐ до овој час постев, а во деветтиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека,
31Лк 1,13и ми рече: ‚Корнилиј, твојата молитва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна.
32Затоа прати некого во Јопија и повикај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Кожарот, покрај морето. Тој ќе дојде и ќе ти зборува.‘
33Затоа јас веднаш пратив луѓе по тебе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога заповедано.“
Петровата беседа во куќата на Корнилиј34 5 Мојс 10,17; Јов 34,19; 2 Лет 19,7; Рим 2,11; Гал 2,6; Ефес 6,9; 1 Птр 1,17 Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Навистина сфаќам дека Бог не гледа на лице;
35Рим 2,27; 3,29туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно.
3613,26; Ис 52,7; 57,19; Наум 1,15; Пс 147,7-9; Рим 10,12Тој им го прати на синовите Израилеви словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите.
37Лк 4,14; 23,5-7Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Јован:
3813,24; Ис 35,5; Лк 4,16-21; 7,22-23како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
391,22И ние сме сведоци за сѐ што направи Тој во земјата Јудејска и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст.
401,3Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави,
411,22; 17,3; 22,14; Мк 16,14; Лк 24,30.42; Јн 21,12но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскреснување од мртвите.
422,36; 3,15; 4,10; 13,29-30; 17,31; 1 Птр 4,5И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите.
434,10-12; 13,39; Лк 24,44; 24,47Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Неговото име.“
Светиот Дух се излева над сите44 11,15 Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото.
452,17-22.33; Рим 5,5; Тит 3,6А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците,
462,11; 19,6зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече:
478,36; 11,17„Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“
4828,14И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.