1 Макавејска 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Зацарувањето на Димитриј Први(2 Мак 14,1-4)

1Во сто педесет и првата година из­лезе од Рим Димитриј, син на Се­левк, и со малкумина луѓе влезе во еден приморски град и таму се зацари.

2Кога влегуваше во царскиот дворец на своите предци, војската го фати Ан­тиох и го доведе пред него.

32 Мојс 10,28Штом тој разбра за тоа, рече: „Не покажувајте ми ги нивните лица!“

4Тогаш војската ги погуби, а Ди­мит­риј седна на престолот во своето цар­ство.

5Пред него дојдоа сите беззаконици и безбожници од Израилците, а Алким, кој се обидуваше да стане свештеник, ги предводеше;

6пред царот тие го обвинуваа народот и велеа: „Јуда и неговите браќа ги убија твоите пријатели, а нас нѐ прогонија од нашата земја.

7Затоа испрати човек, во кого имаш доверба, да ги види сите разурнувања што ги направија во царската земја и нека ги казни и нив и сите што им по­магаат.“

Вакид и Алким пустошат низ Јуда

8Меѓу своите пријатели царот го из­бра Вакид, кој управуваше од другата страна на Реката; тој беше угледен човек во царството и верен на царот.

91 Лет 24,12Царот го прати него и безбожникот Алким, кому му даде свештенство и му заповеда да им се одмазди на израилските синови.

10Појдоа и пристигнаа во јудејската земја со голема војска; на Јуда и на неговите браќа им испратија мирољубива порака, но полна со лаги.

11Само тие не поверуваа на нивните зборови, зашто видоа дека се дојдени со голема војска.

12Кај Алким и Вакид се собраа книж­ници, за да бараат справедливо реше­ние.

132,42Први од израилските синови беа Асидеите, тие бараа со нив да биде склучен мир,

14велејќи: „Свештеник од Ароновото племе дојде со војската и тој нема да нѐ навреди.“

15А тој говореше мирно со нив и им се заколна, велејќи: „Нема да ви напра­виме зло, ни на вас ниту на вашите пријатели.“

16Тие му поверуваа, а тој фати шест­ми­на мажи од нив и ги уби во еден ден, како што е речено во Писмото:

17Пс 78,2-3„Ги расфрлија телата на твоите све­тии и нивната крв ја пролија околу Еру­салим; и немаше кој да ги погребе нив­ните тела.“

18Тогаш страв и трепет го опфати сиот народ, кој говореше: „Во нив нема ни вистина ни правда, зашто ја погазија и наредбата и заклетвата, со која се заколнаа.“

19Тогаш Вакид отстапи од Ерусалим, а својот логор го постави кај Витзет, па испрати и фати многумина од избега­ни­те од него мажи и неколкумина од на­родот, ги закла и ги фрли во еден дла­бок бунар.

20Потоа, откако му ја предаде земјата на Алким, и откако му ја остави војската за да му помага, Вакид се врати кај царот.

21Алким пак почна да се бори за првосвештеничката служба.

2213,32Кај него се собираа сите оние што го бунтуваа својот народ, почнаа да вла­деат во јудејската земја и направија големо зло во Израил.

23Кога го виде Јуда сето зло, кое Ал­ким со своите другари им го направи на израилските синови, а што беше пого­лемо и од она што му го направија без­божниците,

24почна да ги обиколува сите кра­иш­та на Јудеја, им се одмаздуваше на от­стапниците и тие престанаа да влегува­ат во земјата.

Никанор во Јуда(2 Мак 14,5-36)

25А кога Алким виде дека Јуда и оние што беа со него многу, се засилуваат и кога сфати дека не може да им се спротивстави, се врати кај царот и страшно го обвини.

263,36Тогаш, царот го испрати Никанор, еден од своите славни војсководци, кој ги мразеше Израилците и беше нивен непријател, и му заповеда да го уништи тој народ.

27Никанор кога дојде во Ерусалим со многубројна војска, на Јуда и на не­го­ви­те браќа им испрати лажен предлог за мир, велејќи:

281 Мојс 13,8„Да нема војна меѓу мене и вас, јас ќе дојдам мирољубиво кај вас со малку­ми­на луѓе.“

29Дојде кај Јуда, се поздравија мирољубиво еден со друг; меѓутоа, војниците беа приготвени да го фатат Јуда.

30Јуда разбра дека тој доаѓа со подмолна намера, се уплаши од него и не сакаше да му го види лицето.

31Штом Никанор сфати дека неговата намера е откриена, тој излезе отворе­но да се бори против него кај Хафар­са­лама.

32Од Никаноровите луѓе таму паднаа околу петстотини мажи, а другите избегаа во градот на Давид.

331 Езд 6,10Потоа Никанор се искачи на гората Сион; тогаш од светилиштето излегоа некои свештеници и народни стареши­ни за да го поздрават мирољубиво и да му ја покажат сепаленицата што се при­несува за него.

34Но тој ги исмеа, се подби со нив, ги оскверни и гордо говореше со нив,

35па, силно разгневен, се заколна и рече: „Ако сега Јуда и неговата војска не се предадат во мои раце, тогаш, кога по победата ќе се вратам ваму, ќе го из­горам овој храм;“ и си отиде разгневен.

36Свештениците влегоа и застанаа пред жртвеникот во храмот, заплакаа и рекоа:

375 Мојс 12,11; 3 Цар 8,43„Господи, Ти го избра овој Дом за да биде нарекуван со Твоето име и да биде Дом на молитва и молби на Твојот народ.

38Одмазди му се на тој човек и на не­говата војска, нека паднат од меч; спомни си за нивните хулни зборови и не да­вај им да останат долго.“

Пропаста и смртта на Никанор(2 Мак 15,1-36)

39 3,16 Излезе Никанор од Ерусалим и постави логор кај Веторон, а кај него дојде сириската војска.

40Ис.Н. 15,37Јуда, пак, со три илјади војници постави логор кај Адаса; тој се помоли и рече:

414 Цар 19,35„Господи, кога Те похулија пра­тениците на асирскиот цар, тогаш дојде Твој ангел и уби сто осумдесет и пет ил­јади луѓе,

42така и сега пред нас убиј ја оваа вој­ска за да разберат другите дека изрекоа хула против Твојата светиња; пресуди им според нивната злоба.“

43Војските навлегоа во бој во тринаесеттиот ден од месецот адар; војската на Никанор беше разбиена, а тој прв падна во бојот.

44А кога војниците негови видоа дека Никанор е убиен, го фрлија своето оружје и почнаа да бегаат.

454,15Израилците ги гонеа цел ден, од Адаса дури до Газир, и трубеа по нив со труби за известување.

46И жителите од сите околни села из­легуваа и ги опколуваа бегалците, а тие, свртувајќи се кон оние што ги гонеа, си­те паѓаа од меч и ниеден од нив не ос­та­на.

47Го зедоа пленот од нив, а потоа на Никанор му ја отсекоа главата и десната рака, која толку горделиво ја пру­жал, ги донесоа и ги закачија пред Еру­салим.

48Народот се радуваше многу; тој ден го помина како ден на голема веселба.

49Тогаш одредија тој ден да се праз­нува секоја година на тринаесетти адар.

509,57; 14,4Така Јудејската земја се смири на извесно време.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help