1 6,4 Тогаш Мојсеј го свика сиот израилски народ и му рече: „Слушај ги, израилски народе, наредбите и законите што ти ги кажувам денес во ушите твои, научи ги и труди се да ги исполнуваш.
2Господ, нашиот Бог, склучи со нас завет на Хорев.
3Тој завет Господ не го склучи со нашите татковци, туку со нас, кои сме сега тука сите живи.
41 Мојс 32,30; 2 Мојс 33,11Лице в лице ви говореше Господ вам на планината од огнот:
55,23-30јас, пак, стоев меѓу Господ и меѓу вас во тоа време, за да ви ги пренесувам зборовите Господови, бидејќи вие се плашевте од огнот и не излеговте на планината. Тој тогаш рече:
6‚Јас сум Господ, твојот Бог, Кој те изведов од египетската земја, од домот на ропството;
7да немаш други богови освен Мене!
8Не прави идоли и никакви ликови на она, што е на небото горе, и што е на земјата долу, и што е во водите под земјата,
9не им се поклонувај и не им служи; зашто Јас сум Господ, Бог твој, Бог ревнител, кој, за гревот на татковците што Ме мразат ги казнувам децата, до третото и четвртото колено,
106,5и Кој покажува милост до илјадници поколенија кон оние, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои.
11Не изговарај го напразно името на Господ, твојот Бог; зашто Господ, твојот Бог, нема да го остави неказнет оној, кој го употребува Неговото име напразно!
12Мк 2,27Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог;
13шест дена работи и врши ги сите работи,
14а седмиот ден е сабота на Господ, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни магарето твое, ниту друг твој добиток, ниту дојденецот што е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја, како и ти.
156,21; 15,15; 3 Мојс 19,34И запомни дека ти беше роб во египетската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со силна и долга рака; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден (и да ти биде свет).
16Мт 19,18-19; Рим 13,9; Јк 2,11
Мт 15,4; Ефес 6,2Почитувај ги и твојот татко и твојата мајка, како што ти заповеда Господ, твојот Бог, за да живееш долго и да ти биде добро во онаа земја, што ти ја дава Господ, твојот Бог.17Мт 5,21Не убивај!
18Мт 5,27Не врши прељуба!
19Не кради!
20Не сведочи лажно против ближниот свој!
21Рим 7,7Не ја пожелувај жената на ближниот свој и не го пожелувај домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ниту робот негов, ниту робинката негова, ниту волот негов, ниту магарето негово, ниту нешто друго, кое му припаѓа на ближниот твој!‘
224,11-13Тие зборови ги изрече Господ громогласно кон целото ваше собрание на планината од огнот, облакот и мракот, и повеќе не говореше, и ги напиша на две камени плочи и ми ги предаде.
Мојсеј – гласник Божји23И кога го чувте гласот од мракот, и планината гореше во оган, вие се приближивте до мене, сите началници на вашите племиња и старешините ваши,
242 Мојс 19,16говорејќи: ‚Ете, ни ја покажа Господ, нашиот Бог, славата Своја и величината Своја, и го чувме гласот Негов од огнот; денес видовме дека Господ му говореше на човек, и тој остана жив.
2518,16; 2 Мојс 33,20А зошто сега да умреме? Бидејќи тој голем оган ќе не изгори; ако пак го чуеме гласот на Господ, нашиот Бог, ќе умреме;
26кое е тоа човечко суштество што го чуло, како ние, гласот на живиот Бог, Кој говореше од огнот, а да останало живо?
272 Мојс 24,3Пристапи ти и слушни сѐ, што ќе ти каже Господ, нашиот Бог, и раскажи ни сѐ, што ќе ти говори Господ, нашиот Бог, а ние ќе послушаме и така ќе правиме.‘
28И Господ ги чу вашите зборови, како разговаравте со мене, и ми рече Господ: ‚Ги чув зборовите на твојот народ, кој ти говореше; сѐ што рекоа, е добро.
29О, да имаа тие такво срце, та да се плашеа од Мене и да ги слушаа сите заповеди Мои во сите денови, тогаш ќе им беше добро ним и на синовите нивни во веки!‘
30Оди и кажи им: ‚Вратете се во домовите ваши!‘
31а ти остани тука со Мене, и Јас ќе ти ги кажам сите заповеди, наредби и закони, на кои треба да ги научиш, за да постапуваат така во онаа земја, што им ја давам во наследство.“
3217,11.20Гледајте да постапувате така, како што ви заповеда Господ, вашиот Бог, не скршнувајте ни десно, ни лево;
334,40одете по патот, по кој ви заповеда Господ, вашиот Бог, за да бидете живи и да ви биде добро и да поживеете долго време во онаа земја, што ќе ја добиете во наследство.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.