Наум 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Казна за градот Ниневија

1 Ез 24,6 Тешко му на крвничкиот град! Тој е полн со измама и убиства; грабењето не престанува во него.

2Се слуша плускање на бичеви и трескот од тркала како и од потскок­нување на бојни коли.

3Ез 39,11-16Коњаниците потскокнуваат, болскаат мечеви и светкаат копја. Многу убиени и купишта трупови! На тру­по­вите им нема крај; и се сопнуваат од нив.

4Откр 17–18Сето тоа е за многуте блудствува­ња на убавата на изглед развратница, вешта во магии, која со блудот свој за­ведува народи, а со магиите – племиња.

52,13; Ос 2,3; Ер 13,22.26Ете, Јас сум против тебе, вели Господ Саваот, ќе ја кренам полата од твојата облека врз твоето лице и ќе им ја покажам на народите твојата го­лотија, и на царствата – срамотиите твои.

6Ќе нафрлам врз тебе нечистотии, ќе те направам презрена, и ќе те на­правам за срам.

7Ис 51,19; Ер 15,5; Пс 68,20И секој, штом ќе те види, ќе по­бег­не од тебе и ќе рече: „Разурната е Ни­невија! Кој ќе ја пожали? Каде да најдам утешител за тебе?“

Судбината на Ниневија е запечатена

8Зар си подобра од Но-Амон, кој лежи меѓу речните ракави на Нил; чиј окоп е морето, и тоа му служеше како ѕид.

9Ис 20,5; Ер 46,9; Дан 11,43Етиопија и Египет со безбројно множество луѓе ти служеа како пот­крепа; а и народите на Пут и Либија ти идеа на помош.

10Ос 10,14; Јоил 3,3; Авд 1,11Па сепак и таа отиде во ропство; дури и децата ѝ се здробени – по сите градски крстосници; а за првенците нејзини фрлија ждрепка, и сите го­лемци се во вериги оковани.

11И ти така ќе се опиеш и ќе се кри­еш; и ќе бараш засолниште од непријателите свои.

12Сите твои градови се како смокви со зрели плодови: ако ги затресеш, ќе паднат право во устата на оној што сака да ги јаде.

13Ис 3,12; 19,16; Ер 50,37; 51,30Погледни си го народот: во твојот дом се само жени, на непријателите твои ширум им се отвораат портите на земјата, и оган ги проголта твоите резиња.

14Зафати си вода за опсадата; за­цврсти ги тврдините; влези во кал, га­зи глина, направи калапи за печење тули.

15Ер 46,23; 18; 3 Цар 22,17; Ер 51,57; Мт 18,12Таму оган ќе те проголта, меч ќе те исече, ќе те изеде како гасеница, макар и да сте се намножиле како га­сеници, па и да сте се намножиле ка­ко скакулци.

16Трговците во тебе се повеќе од ѕвездите на небото; но тие како ска­кулците ќе се распрскаат и ќе одлета­ат.

17И кнезовите твои се како скакулци, а војводите – како рој мушички, кои во студено време се гнездат во пукнатини, а кога ќе изгрее сонцето се разлетуваат, и нема да го распознаеш местото каде што биле.

18Спијат твоите пастири, царе асир­ски, почиваат твоите големци; твојот народ се распрснал по горите, и нема кој да го прибере.

19Ер 10,19; 30,12Нема лек за твојата рана, лута е раната твоја. Сите, што ќе чујат за те­бе, ќе ракоплескаат, зашто кој мо­же­ше да се спаси од твојата сурова сви­репост?

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help