2 Царства 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Победите на Давид над соседните племиња

1 1 Лет 18,1-13 Потоа Давид ги нападна Филистејците и ги покори; и ја одзеде Да­вид превласта во регионот од рацете на Филистејците.

2Ги порази и Моавците и ги измери со јажиња, откако ги легна на земја: из­мери две јажиња за убивање, едно јаже за оставање живи. И Моавците му ста­наа робје на Давид и му плаќаа данок.

3Давид го порази Адраазар, син на Рехов, цар на Цова, кога тој одеше да ја прошири власта своја кај реката Еуф­рат;

4Ис.Н. 11,6-9и зеде Давид од него илјада и седумстотини коњаници и дваесет илјади пе­шаци; и им ги пресече Давид жилите на сите колски коњи, оставајќи од нив са­мо за сто коли.

5Дојдоа Арамејци од Дамаск да му помогнат на цовашкиот цар Адраазар; но Давид уби дваесет и две илјади Ара­мејци.

68,14; 7,1Тогаш Давид постави стражи во Арам кај Дамаск, и Арамејците му ста­наа на Давид робови и му плаќаа данок. А Господ го чуваше Давид насекаде, каде ќе отидеше тој.

74 Цар 11,10; 2 Лет 23,9Потоа Давид ги зеде златните грив­ни што ги носеа слугите на Адраазар, и ги донесе во Ерусалим. (Нив подоцна ги зеде египетскиот цар Сусаим кога го нападна Ерусалим во дните на Соло­моновиот син Ровоам).

8А од Бетах и Беротаи, Хададе­зеровите градови, цар Давид зеде многу бакар, (од кој Соломон направи брон­зено море, столбови, мијалници и сите садови).

9Кога Тои, царот на Хамат, чу дека Давид ја поразил целата војска на Ад­раазар,

10Тои го испрати синот свој Јорам кај царот Давид да го поздрави и да му бла­годари, поради тоа што војувал против Адраазар и го поразил; бидејќи Адраа­зар војуваше со Тои. А во рацете Јорам имаше сребрени, златни и бакарни са­дови.

113 Цар 7,51; 1 Лет 26,26Цар Давид ги посвети и нив на Господ, заедно со среброто и златото, запленето од сите народи, кои ги беше покорил:

12од Арам, Моав, синовите Анонови, Филистејците и Амаликијците, и од пленот на Адраазар, синот на цоваш­киот цар Рехов.

134 Цар 14,7И Давид се прослави, враќајќи се по поразот на осумнаесет илјади Арамејци во Солената Долина.

144 Цар 8,20Тој постави стражи во Едом; поста­ви стражи по цел Едом; и сите Едомци му станаа на Давид робови. И Господ го чуваше Давид, каде и да отидеше тој.

Список на Давидовите службеници

15 20,23-26; 3 Цар 4,1-6; 1 Лет 18,14-17 Така царуваше Давид над сите Из­раилци, судеше и делеше правда на сиот свој народ.

16А Јоав, синот на Саруја, беше над војската; а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец;

17Садок, синот Ахитувов и Ахиме­лех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар;

1823,20-23; 3 Цар 1,38.44; 4,4а Бенајаху, синот Јехојададаев, бе­ше заповедник над Керетијците и Пеле­тијците, а Давидовите синови беа свеш­теници.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help