1 Ис 1,1; Ер 26,18; Ос 1,1 Слово Господово, упатено до Михеј од Морешет, во деновите на Јотам, Ахаз и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Самарија и за Ерусалим.
2Ис 1,2; 34,1; Пс 48,1Чујте, сите народи, внимавај, земјо, и сѐ што те исполнува! Сведок нека е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм!
3Ис 26,21; Амос 4,13Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ќе слезе и ќе оди по земните височини,
4Наум 1,6; Зах 14,4; Пс 67,2; 97,5и планините ќе се топат под Него, долините ќе се растопат како восок од оган, како водата што се излева низ стрмнини.
53,8И сето тоа ќе стане поради престапите на Јаков, поради гревот на Израилевиот дом. Кој му е гревот на Јаков? Нели е тоа Самарија? Кои ѝ се идолските светилишта на Јудеја? Нели е тоа Ерусалим?
63,12; 4 Цар 17,5-6Затоа од Самарија ќе направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ќе ги сринам камењата нејзини во долина и ќе ѝ ги разголам основите.
7И сите нејзини резани ликови ќе се строшат и сите нивни дарови од блуд – со оган ќе бидат изгорени: сите идоли ќе ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ќе бидат дарови од блуд.
Суд за Јудеја8 2 Цар 15,30; Ис 20,2-4; Ез 24,17-23; Амос 5,1; Јов 30,29 Поради тоа ќе заплачам и ќе заридам, ќе одам бос и гол, ќе вијам како чакал, ќе врискам како ној;
9зашто нема лек за нејзината рана, тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ – сѐ до Ерусалим.
102 Цар 1,20; Ер 25,34; Амос 6,2Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во Бет-Лијафра посипете се со пепел.
11Ис.Н. 15,37Исели се, жителко шафирска, срамно разголена; нема да се спаси ни жителката хананска, до темел е разурнат Бет-Ецел, искорнат е од своите цврсти основи.
12Рута 1,20Жителката на Марот е желна за добро, а ете, зло дојде од Господ, слезе до портите ерусалимски.
13Ис.Н. 15,39; 4 Цар 14,19; Неем 11,30Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахишка, тоа беше почеток на гревот од ќерката Сионска, зашто во тебе се појавија престапите на Израил.
14Ис.Н. 15,44Затоа ти ќе се збогуваш со дарови од Морешет-Гат; куќите ахзивски ќе бидат измама за царевите израилски.
15Ис.Н. 15,44; 1 Цар 22,1; 2 Цар 23,13; 2 Лет 11,7.8Ќе доведам и освојувач против тебе, жителко; и тој ќе дојде дури до Адулам, славата на Израил.
16Ис 22,12; Ер 7,29; Амос 8,10Куби ја косата своја, истрижи се – од жал за своите сакани деца: разголи ја ќелавоста своја за нив како гологлав орел зашто тие ќе бидат одведени од тебе во ропство.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.