Јован 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1„Ова ви го кажав за да не се соблазните.

29,22; Ис 66,5; Мт 5,11; 10,17; 24,9Ќе ве истеруваат од синагогите. Но, ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.

38,19; 15,21Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене.

42,22; 14,29; 16,25; Мк 13,23; Дела 8,1Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви рекол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“

Задачите на Светиот Дух

5 7,33; 13,36 „А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘

616,22Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага.

714,16.26; 15,26Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.

810,25; Дела 24,25А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд:

95,38; 6,36.64; 8,21-24; 12,37за грев – дека не веруваат во Мене;

107,34; 13,1.33; 14,12.19.28; 20,17; Дела 7,52за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;

1112,31; 14,30а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.

121 Кор 3,1-2Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.

1314,17.26; 15,26; 1 Јн 2,27А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ве извести за она што доаѓа.

147,39Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.

1517,10; Лк 15,31Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“

Тага и радост

16 7,33; 14,19; Дела 1,3 „Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“

17Тогаш некои од учениците Негови си рекоа меѓу себе: „Што е тоа, што ни ве­ли: ‚Уште малку, и нема да Ме видите‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите‘ и ‚Јас си одам кај Отецот?‘“

18И си зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ‚Уште малку?‘“

19Лк 9,45Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, што реков: ‚Уште малку, и нема да Ме гледате‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите?‘

20Мк 16,10; Лк 5,35; 23,27; Откр 11,10Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост.

21Ис 13,8; 26,17-18; Ос 13,13; Мих 4,9; Мк 13,8; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот.

2214,19; 15,11; 20,20; Ис 66,14; Мт 28,8; Лк 24,41; Дела 2,46; 2 Кор 4,17Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;

2315,16; 1 Јн 5,14-15и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде.

2415,11; Мт 7,7-8.11; 18,19; 1 Јн 1,4Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна.“

Победа над светот

25 10,6; 12,16; Мт 13,34-35 „Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.

26Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас;

278,42; 14,21.23; 21,15-17бидејќи Отецот Сам ве љуби, зашто вие Ме возљубивте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.

281,1; 13,3Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и се враќам кај Отецот.“

29Му рекоа учениците Негови: „Еве, сега откриено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш.

302,25; 16,19Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба никој да Те прашува. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“

31Исус им одговори: „Сега ли верувате?

328,29; Зах 13,7; Мт 26,31.56Ете, иде часот, и веќе настапил, да се разбегате секој кај своите, а Мене Сам да Ме оставите; но Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене.

3312,31; 13,19; 14,27.30; 15,18; Рим 8,37; 1 Кор 15,57; 2 Кор 1,8; 2 Тим 3,12; 1 Јн 5,5; Откр 5,5Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help