1 19,42-43; 3 Цар 12,16; 2 Лет 10,16 Случајно таму се наоѓаше еден лош човек, по име Сева, син на Бихриј, од Венијаминовото племе. Тој затруби со труба и рече: „За нас нема дел во Давид и нема за нас наследство кај Јесеевиот син; Израилци, сите во шаторите!“
2И сите Израилци се одделија од Давид и отидоа по Сева, синот на Бихриј, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим.
Јоав го убива Амаса3 15,16; 16,21-22 Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници што беше ги оставил да ја чуваат куќата; ги смести во одделна куќа под надзор; ги хранеше, но не одеше кај нив. И тие престојуваа таму сѐ до смртта своја и живееја таму како вдовици.
417,25; 19,14А му рече царот на Амаса: „Свикај ги за три дни Јудејците кај мене и ти самиот дојди тука!“
5И Амаса отиде да ги свика Јудејците, но се задржа повеќе од определеното време.
6Тогаш Давид му рече на Авеса: „Бихриевиот син Сева сега ќе ви донесе повеќе зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши.“
78,18; 15,18; 3 Цар 1,38И излегоа по него Јоавовите луѓе, и Керетијците и Пелетијците, и сите храбри борци тргнаа од Ерусалим во потера по Бихриевиот син Сева.
82,13; 3,30; 1 Цар 17,38-39; 18,4А кога се доближија до големиот камен што е кај Гаваон, ги сретна Амаса. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се вадеше од неа и влегуваше.
9Мт 26,49Јоав му рече на Амаса: „Здрав ли си, брате?“ Јоав ја фати со својата десна рака брадата на Амаса за да го бакне.
102,23; 3,27; 1 Цар 26,8; 3 Цар 2,5Амаса, внимаваше на мечот што беше во раката на Јоав, и тој го прободе со него во стомакот, така што цревата му се истурија на земја, без да го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса тргнаа во потера по Сева, Бихриевиот син.
Сева го прекинува својот гнев11Еден од Јоавовите слуги стоеше кај трупот на Амаса и велеше: „Кој му е верен на Јоав и кој е за Давид, нека оди по Јоав!“
12А умрениот Амаса лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајќи дека сите луѓе се запираат над него, го одвлече Амаса од патот во полето и стави врз него облека, бидејќи виде дека секој што минуваше, се запираше над него.
13Но кога тој беше оддалечен од патот, сиот народ Израилев тргна по Јоав да го гони Сева, Бихриевиот син.
14И тој мина низ сите израилски племиња до Авел-Бет-Мааха и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него.
15Ер 6,6; Ез 4,2; 26,8И дојдоа и го опсадија Авел-Бет-Мааха; издигнаа насип пред градот, се приближија до ѕидот, и сите луѓе што беа со Јоав, напнаа да го соборат ѕидот.
1614,2Тогаш една умна жена извика од градскиот ѕид: „Чујте, чујте, кажете му на Јоав да дојде ваму, и јас ќе поразговарам со него.“
171 Цар 25,24Јоав се приближи до неа, и жената праша: „Ти ли си Јоав?“ И тој одговори: „Јас сум.“ Таа рече: „Чуј ги зборовите на слугинката твоја.“ А тој одговори: „Слушам.“
18Таа рече: „Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа проблемот. (Има ли уште такви, кои се решиле да останат верни Израилци? Нека прашаат во Авел: Има ли уште?)
19Јас сум од мирните, верни израилски градови, а ти сакаш да го урнеш градот, и тоа градот – мајка во Израил. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?“
201 Цар 2,30; 12,23Јоав одговори и рече: „Далеку да е од мене, јас да разурнувам или да уништувам!
21Тоа не е така; не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, синот Бихриев, крена рака против царот Давид; само него дајте ми го, и јас ќе отстапам од градот.“ А жената му рече на Јоав: „Еве, неговата глава ќе ти биде фрлена од ѕидот.“
222,28; 18,16Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Сева, Бихриевиот син. И му ја пресекоа главата на Сева, синот на Бихриј, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш Јоав затруби со труба, и сите луѓе се разотидоа од градот по шаторите свои; а Јоав се врати во Ерусалим кај царот.
Список на Давидовите чиновници23 8,16-18; 3 Цар 4,3-6 Јоав беше поставен над сета израилска војска, додека Ванеја, синот на Јехојада, командуваше со Керетијците и над Пелетијците;
24Хадорам одговараше за даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, беше летописец;
25Сева – писар; Садок и Авијатар – свештеници;
26исто така и Ира Јаирецот беше свештеник кај Давид.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.