Сирахова 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Три добри и три лоши работи

1 40,23; Пс 132,1 Со три работи се украсив и станав убава пред Господа и пред луѓето:

2слога меѓу браќата и љубов ме­ѓу ближните, маж и жена што живеат во слога.

3Три вида луѓе душата моја намрази, одвратен ми е нивниот живот:

4гордели­вец сиромав, богат лажливец и старец прељубник, кој слабо расудува.

Предностите на староста

5Ако ништо не си собрал во младоста, како можеш да го имаш во староста?

6Колку ѝ прилега на седата коса да суди на старците – да умеат совет да да­ваат!

7Јов 12,12; 32,6-7; Мудр 4,9; Јов 12,12Колку им прилега мудроста на стар­ците и разумноста на чесните луѓе, кои­што совет даваат!

8Големото искуство е круна на стар­ците, а пофалбата нивна – страхо­по­чит­та кон Господа.

Среќа поголема од другите

9 Пс 17,37 Девет помисли ги сметам за бла­же­ни во моето срце, а десеттата сега ми е на јазик:

10тоа е човекот којшто се радува на деца и кој го доживува паѓањето на непријателите свои.

1114,1Блазе му на човекот којшто со жена разумна живее, кој не греши со јазикот свој и кој не му слугува на понедостоен од себе.

12Блазе му на оној кој придобил ра­зумност и кој ја предава на уши што го слушаат.

13Колку е голем оној што ја нашол мудроста! Но не е подобар од оној што има страхопочит кон Господа.

1423,27; 40,26-27; Изреки 1,7Страхопочитта кон Господа е над сѐ, и кој ја има – со што може да се спо­реди?

Опасни жени

15Секоја рана може да се истрпи, са­мо не и раната на срцето; секоја злоба може да се поднесе, само не и злобата на жената;

16и секој напад, само не напад од злобни; и секоја одмазда, само не одмазда од непријател.

17Јов 20,16Нема глава поотровна од змиската, ниту има омраза посилна од омразата на непријателот.

18Изреки 21,9.19; 25,24Повеќе сакам да живеам со лав и змеј отколку со лоша жена.

19Злобата на жената погледот ѝ го менува, лицето ѝ го помрачува како ли­це на мечка.

20Ќе седне мажот нејзин меѓу прија­телите, а кога ќе чуе за неа горко воз­див­нува.

21Секоја злоба е мала во споредба со женската злоба; ждрепката на грешник нека падне врз неа.

22Каков е песочниот брег за нозете старечки, таква е жена кавгаџика за мирен маж.

23Не загледувај се во женска убавина и не копнеј за наслада од жена.

24Голем срам и грдост е кога жената управува со мажот свој.

25Изреки 31,11-12Понижено срце, невесело лице и рана на срце – тоа е лошата жена.

26Раце скршени и колена треперливи, таква е жената што не го весели мажот свој.

271 Мојс 3,1-6; Рим 5,12; 1 Кор 15,22; 1 Тим 2,14Од жена започнал гревот; поради неа сите умираме.

28На водата не давај ѝ пукнатина, ни­ту на зла жена – власт;

29ако не се управува според твојата волја, отпушти ја од себе.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help