Плачот 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Беда и срам за Јуда, по падот на Ерусалим

1Како потемне златото, како се измени најчистото злато! Камењата од светилиштето се расфрлени по сите крстопати.

2Ер 19,11Синовите на Сион, некогаш ценети како најчисто злато, а сега ги ценат ка­ко земјани садови, дела на грнчарски раце!

3Јов 39,13-17Дури и ѕверовите подаваат града и ги хранат рожбите свои, а ќерката на мојот народ стана жестока како ној во пустина;

42,11-12; Ис 41,17јазикот на доенчето се прилепува до непцето поради жед; децата бараат леб, но никој не им подава.

5Оние, што јадеа слатки, гинат по улиците; одгледаните во пурпур, се вал­каат во смет.

61 Мојс 19; Ис 1,9-10; Ер 23,14; Мт 10,15; 11,23Казната за бесчестието на ќерката на мојот народ ја надминува казната на Содом; тој беше срамнет за миг, и раце човечки не се допреа до него.

74 Мојс 6Кнезовите ѝ беа почисти од снег, побели од млеко; тие беа телесно по­у­ба­ви од корал, изгледот им беше како са­фир;

8а сега лицето им е потемно од сѐ што е црно; не ги познаваат ни улиците; кожата им се прилепила за коските, па станала сува како дрво.

9Убиените со меч минаа подобро од оние, што глад ги убива, зашто тие бав­но умираат поради не­достиг од полски плодови.

102,20; 5 Мојс 28,56-57Дури и жалостивите жени ги вареа со рацете децата свои, за да им бидат храна, кога гинеше ќерката на мојот на­род.

112,3Господ го излеваше Својот гнев, ја излеа јароста од гневот Свој, и на Сион запали оган, кој ги проголта основите негови.

12Ис 52,15Царевите земни и сите жители по вселената не веруваа дека противникот и непријателот влегол во портите еру­салимски.

13Ер 5,31; 6,13; Ез 7,23Сето тоа е поради гревовите на лажните пророци, поради беззаконијата на свештениците негови, кои меѓу него пролеваа крв на праведници;

144 Мојс 35,33; Ис 59,3скитаа по улиците како слепи, се осквернуваа со крв, така што не беше можно човек да се допре до одеждите нивни.

153 Мојс 13,45„Отстранете се, нечисти!“ им викаа: „Отстранете се, отстранете се, не допирајте се!“ и тие се отстрануваа посраме­ни; талкаа од народ до народ, но никој не ги прифаќаше.

16Лицето на Господ ги расеа; Тој нема веќе милостиво да ги погледне, бидејќи не го почитуваа лицето на свештениците, кон старците милост немаат.

17Ер 37,7; Ез 29,6Очите ни се веќе истрошени, очекувајќи залудо помош; од нашата стра­жарска кула чекавме народ, кој не мо­жеше да нѐ спаси.

18Ез 7,1-14А тие демнеа на стапките наши, за да не можеме да одиме по улиците на­ши; нашиот крај наближува, деновите наши се исполнија; крајот ни дојде.

19Оние, што нѐ гонеа, беа побрзи од орлите небески; по горите нѐ гонеа, ни поставуваа заседи по пустините.

204 Цар 25,5-7; Пс 2,2Духот на нашиот живот, по­ма­за­ни­кот Господов, уловен е во нивните јами; оној, за кого велевме: „Под сенката Не­гова ќе живееме меѓу народите.“

21Ис 66,10; Авак 2,15Радувај се и весели се, ќерко Едо­мо­ва, жителко на земјата Уц! И до тебе ќе дојде чашата: ќе се опиеш и ќе се разго­лиш.

22Ис 40,2; Ер 49,8; Ез 25,14Ќерко Сионова, казната за твоето беззаконие се сврши; Тој нема повеќе да те гони; но беззаконието твое, ќерко Едомова, Тој ќе го казни и ќе ти ги раз­открие гревовите твои.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help