Псалми 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 20Благодарност за победите во минатото

1 62,11 Господи, со Твојата сила се весели царот и за спасението од Тебе безмерно се радува!

219,4; 36,4Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли,

32 Цар 12,30; Ест 1,11; Мудр 5,16зашто Ти го пресретна со добри бла­гослови, му стави на главата круна со скапоцени камења.

460,6-7; 90,16; 3 Цар 1,31; 3,13; 4 Цар 20,1-7; Ис 38,1-20; Изреки 9,11; Дан 2,4; Неем 2,3Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долг живот во векови.

544,3; 95,6Голема е славата негова поради по­мошта од Тебе; Ти го покри со чест и величие.

671,17; 1 Мојс 12,2-3Ти положи на него вечен благослов, развеселувајќи го со радоста на лицето Твое,

7зашто царот се надева на Господ и поради милоста на Севишниот нема да потклекне.

8Раката Твоја ќе ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ќе ги нај­де сите што Те мразат.

92 Цар 23,6-7; Ис 33,11-12; Ос 7,7; Мал 3,19Кога ќе се појавиш, ќе ги направиш како огнена печка; гневот Господов ќе ги погуби, и оган ќе ги проголта.

10108,13; Јов 18,19Ти ќе го уништиш плодот нивни од Земјата, и семето нивно – меѓу чо­веч­ки­те синови.

11Ако смислат против Тебе зло и се договораат, – не ќе можат ништо да направат.

1217,40Ти ќе ги натераш во бегство, а од Твоите лакови ќе пуштиш стрели во ли­цето нивно.

1356,5-11Издигни се, Господи, со Твојата си­ла! Ние ќе ја воспеваме и ќе ја про­сла­вуваме Твојата моќ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help