1 Коринтјаните 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Правата и должностите на апостолот

1 15,8 Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ?

22 Кор 3,2-3Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господа.

3Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат:

4Зар немаме право да јадеме и да пи­еме?

5Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа?

62 Сол 3,8Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка?

7Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко?

8Зар го зборувам ова само како чо­век? Не го вели ли истото и Законот?

95 Мојс 25,4Бидејќи во Мојсеевиот закон е на­пи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите?

10Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она што го очекува.

11Рим 15,27; Фил 4,14.17Ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното?

12Ако други имаат право на дел од вашиот посед, тогаш немаме ли ние уш­те повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направиме некаква пречка на Христовото Евангелие.

135 Мојс 18,1-3Не знаете ли дека оние што свеш­те­нодејствуваат, се хранат од свети­лиш­те­то, и кои служат на жртвеникот, делат со жртвеникот?

14Така и Господ заповедал проповед­ни­ците на Евангелието да живеат од Евангелието.

152 Кор 11,10Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе.

16Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го про­поведам.

17Ефес 3,2Ако доброволно го вршам тоа, то­гаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена.

18А каква ми е наградата? Пропове­дајќи да го предавам Евангелието бес­платно, не ползувајќи го своето право од благовестувањето.

19Зашто, иако сум слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам:

20Дела 16,3; 21,26за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон;

21за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон.

22Рим 14,1; 15,1За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив.

23А ова го правам поради Еван­гелието за да бидам соучесник во него.

24Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така тр­чајте и вие, за да добиете.

25Фил 3,14; 2 Тим 2,5; 4,7-8; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10; 3,11Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив.

26Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар,

27туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help