1„Ако некој украде вол или овца и ја заколе, или ја продаде, да даде пет вола за еден вол и четири овци за една овца.“
2Ос 7,1; Јов 24,16„Ако се фати крадец, како пробива ѕид и го удрат така, што тој умре, тоа не се смета за убиство.
3Мт 18,25Но, ако сонцето веќе се појавило над него, тогаш да се бара крвнина. А крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој да биде продаден и да се надомести украденото.
4Ако кај фатениот се најде она, што го украл, живо, било вол, магаре или овца, да го врати двојно.
Престапи против сопственоста5Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајќи го добитокот свој да пасе во туѓа нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје.
6Суд 9,15Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запалат снопјето, или ожниеното, или нивата, оној, кој го предизвикал пожарот, да плати.
73 Мојс 6,1-5Кога некој му даде на ближниот свој сребро или предмети на чување, и тие бидат украдени од неговиот дом, крадецот, ако се фати, нека плати двојно;
8ако, пак, крадецот не се фати, тогаш сопственикот на куќата нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на својот ближен.
95 Мојс 25,1За секој спорен предмет: за вол, магаре, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој тврди дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.
10Ако некој му даде на чување на ближниот свој магаре, или вол, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или се повреди, или, пак, биде откраднат, а никој тоа не го види,
113 Мојс 6,3; 3 Цар 8,31; 2 Лет 6,22; Евр 6,16тогаш меѓу нив нека одлучи клетвата пред Господ дека оној не посегнал врз имотот на својот ближен, и ако сопственикот така го прими, не се надоместува;
12ако, пак, му биде украден, тогаш нека му плати на сопственикот негов.
131 Мојс 31,39А ако е изеден од ѕверка, да донесе доказ за тоа и да не плаќа ништо.
14Ако некој од ближниот свој добие на услуга добиток, па тој биде повреден или пцовиса, а сопственикот не бил со него, ќе мора да се плати;
15но, ако сопственикот бил со него, да не се плаќа. Ако, пак, бил земен под наем, да се плати само наемот.
Разни морални и религиозни закони16 1 Мојс 34,12; 5 Мојс 22,28-29; Ос 2,14 Кој измамил несвршена девојка, и биде со неа, да ја дарува и да ја земе за жена;
17а ако таткото нејзин одбие да му ја даде, да одмери сребро на татко ѝ колку што следува за мираз на девојката.
183 Мојс 19,26.31; 20,27; 5 Мојс 18,9-12; 1 Цар 28,3; 2 Лет 33,6Вражарка да не оставате жива.
193 Мојс 18,23; 20,15-16; 5 Мојс 27,21Кој ќе легне со добиток, со смрт да се казни.
2020,3; 34,15; 3 Мојс 17,7; 4 Мојс 25,2; 5 Мојс 17,2-5; 18,20; 32,17; 3 Цар 18,40Кој принесува жртва на други богови, освен на Единиот Господ, со смрт да се истреби.
2123,9; 3 Мојс 19,33; 5 Мојс 10,19; 24,17-18; Ер 22,3; Ез 22,7; Зах 7,10; Мал 3,5; Пс 145,9Доселеник немој да притеснуваш, ниту да го угнетуваш, зашто и вие бевте доселеници во земјата египетска.
225 Мојс 10,18; 24,17; Ис 1,17; Ер 7,5.6; 22,3; Ез 18,5-9.12; Зах 7,9-10; Мал 3,5; Пс 67,5; 145,9; Јов 22,6.9; 24,3.21; Јк 1,27Не притеснувајте, ни вдовици, ни сираци;
235 Мојс 10,18; 15,9; 24,15; Пс 9,34.37; 17,6; 33,15; Јов 34,28; 35,9; Лк 18,7; Јк 5,4ако ги притесниш и тие повикаат кон Мене, ќе го чујам нивниот лелек,
24Пс 108,9; Плач 5,3и ќе се распали гневот Мој, па со меч ќе ве убијам, и вашите жени ќе останат вдовици, а вашите деца – сираци.
253 Мојс 25,35-37; 5 Мојс 15,7-11; 23,19-20; Ез 18,8; Пс 14,5; Неем 5,7.10Кога на заем ќе дадеш пари на некој сиромашен од народот Мој, не присилувај го и не наложувај му лихва.
265 Мојс 24,10-13; Амос 2,8Ако ја земеш во залог облеката од ближниот твој, врати му ја до зајдисонце;
2734,6; 5 Мојс 4,31; 24,13.17; Ез 18,12.16; Јоил 2,13; Јона 4,2; Пс 98,8; 102,8; 145,8; Јов 24,7; 31,19-20; Неем 9,17; 2 Лет 30,9бидејќи таа му е единствена покривка, облека што го чува телото негово: со што ќе спие тој? И кога ќе повика кон Мене, Јас ќе го чујам, бидејќи сум милостив.
2820,7; 2 Цар 16,6.9; 3 Цар 21,10; Проп 10,20; Мт 26,65; Мк 14,64; Дела 23,5Не проколнувај Го Господа, ни за старешината на твојот народ не зборувај лошо.
2913,2.11-15; 23,19; 34,20.26; 3 Мојс 23,10; 4 Мојс 8,16.17; 18,13; 5 Мојс 15,19; 18,4; 26,1-4.10; Мал 3,10; Изреки 3,9; Лк 2,23Не воздржувај се да ги принесеш првите плодови од жетвата и лозјето; давај Ми го првородениот од синовите твои.
3034,19; 3 Мојс 22,27; 5 Мојс 15,19Така прави, и со крупниот, и со ситниот твој добиток; седум дена нека бидат кај својата мајка, а во осмиот ден дај Ми ги Мене.
3119,6; 3 Мојс 7,24; 11,44; 17,15; 19,2; 22,8; 5 Мојс 14,21; Ез 4,14; 44,31И ќе Ми бидете свет народ. Затоа и месо од растргнато животно да не јадете; фрлај им го на кучињата.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.