Матеј 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исус ги отфрла човечките обичаи(Мк 7,1-13)

1Тогаш пристапија кон Исус ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:

22 Мојс 30,18-21; Лк 11,38; Гал 1,14; Кол 2,8„Зошто учениците Твои го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете кога јадат леб?“

3А Тој им одговори и рече: „Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?

419,19; 2 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мк 7,10; Лк 18,20; Ефес 6,2Зашто Бог заповедал и рекол: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘, и ‚кој злослови против таткото свој или мајка си, со смрт да се казни‘.

5А вие велите: ‚Ако некој му рече на татка си или на мајка си: она, со што би можел да се ползуваш од мене, дар е‘,

6тогаш тој може и да не го почитува својот татко или својата мајка! Така ја нарушивте заповедта Божја заради вашето предание!

76,2; 23,13Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:

8Ис 29,13

12,34; Пс 77,36-37‚Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме по­чи­­тува, а срцето негово стои далеку од Мене;

95,20; Кол 2,22но напразно Ме почитува, учејќи со човечки учења и заповеди.‘“

Што го осквернува човекот?(Мк 7,14-23)

10И откако ги повика луѓето, им рече: „Слушајте и разберете!

1112,34Не го осквернува човекот она што влегува во устата, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува чо­ве­кот.“

12Тогаш Неговите ученици Му пристапија и рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?“

13Ис 5,1-7; Лк 13,6-9; Јн 15,2А Тој, одговарајќи им, рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;

1423,16.19.24; Лк 6,39; Рим 2,19оставете ги: тие се слепи водачи на слепи: а кога слеп води слеп, обата ќе паднат во јама.“

15Петар, пак, Му одговори и рече: „Објасни ни ја оваа парабола.“

16Мк 4,13А Исус им рече: „Ама вие, уште ли не сфаќате?

17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку сто­макот и се исфрлува надвор?

18А она што излегува од устата, излегува од срцето и тоа го осквернува човекот;

19Рим 1,29-30; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,19-21; 1 Птр 4,3; Откр 21,8зашто од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;

20тоа го осквернува човекот. А да се јаде со неизмиени раце, тоа не го осквернува човекот.“

Верата на една Хананејка(Мк 7,24-30)

21И кога излезе оттаму Исус, замина во краевите Тирски и Сидонски.

229,27; Мк 10,47-48; Лк 18,38-39И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.“

23Лк 11,8Но Тој не ѝ одговори ниту збор. И откако пристапија до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.“

2410,5-6А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израилев.“

25Но таа, кога пристапи, Му се пок­ло­ни и велеше: „Господи, помогни ми!“

267,6Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“

27Лк 16,21Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на своите господари.“

288,10.13Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!“ И во тој час оздраве ќерката нејзина.

Исус исцелува многу народ(Мк 7,31)

29 Мк 7,31 Штом замина оттаму, Исус дојде кај Галилејското Море, се искачи на гората и седна таму.

3011,5; 19,2; 21,14И дојде кај Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред нозете на Исус, и Тој ги исцели,

318,3; 11,4-5; Мк 7,37така што народот се восхитуваше гледајќи како неми зборуваат, сакати оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев.

Исус нахранува над четири илјади души(Мк 8,1-10)

32 9,36; 14,15 А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Жал ми е за луѓето, зашто три дни веќе стојат кај Мене и немаат што да јадат; а да ги распуштам гладни, не би сакал, за да не премалеат по патот.“

334 Цар 4,43Но учениците Негови Му рекоа: „Од каде при нас толку леб во пустинава за се нахрани толку народ?“

3414,17-21; Мк 6,33-44; Лк 9,13-17; Јн 6,9-13Исус ги праша: „Колку лебови има­те?“ А тие одговорија: „Седум и не­кол­ку рипчиња.“

35Тогаш му заповеда Исус на народот да поседне по земјата.

361 Кор 11,24И откако ги зеде седумте лебови и ри­бите, заблагодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците – на народот.

374 Цар 4,44; Пс 77,29; Мк 8,20 И јадеа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња: седум полни кош­ници.

38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, покрај жените и децата.

39Па, штом го распушти народот, влезе во кораб и дојде во магдал­ските предели.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help