1 5 Мојс 12,5 Соломон потоа науми да изгради дом на името Господово и царски дом за себеси.
22 Цар 5,11; 1 Лет 14,1И собра Соломон седумдесет илјади носачи и осумдесет илјади каменоделци во горите и надгледници над нив – три илјади и шестотини.
32 Мојс 25,30; 29,42; 30,7; 4 Мојс 28,14; 5 Мојс 12,5Тогаш Соломон испрати гласници да му кажат на тирскиот цар Хирам: „Како што правеше со татко ми Давид и му испраќаше кедар, за да си изгради дом за живеење, така направи и со мене.
42 Мојс 12,12; 1 Лет 16,25; 22,5Еве, јас градам дом на името Господово, мојот Бог, да го посветам Нему, за да се кади пред Него миризливо кадиво, да се поставуваат постојано принесени лебови и да се принесува таму сепаленици наутро и навечер, и во саботите, новомесечијата и празниците на Господ, нашиот Бог, што му е заповедано засекогаш на Израил.
53 Цар 8,27; Ер 23,24Домот, што го градам, ќе биде голем, зашто голем е нашиот Бог, погоре е од сите богови.
62 Мојс 35,31Та кој може Нему да Му изгради дом, кога небото и небесата над небесата не можат да ја соберат Неговата слава? И кој сум јас, па да можам да Му изградам дом, освен за кадење пред лицето Негово?
7Па така, испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина преѓа и кој знае да реже, за да работи заедно со уметниците, какви што има во Јудеја и во Ерусалим, а кои ги приготви татко ми Давид.
8И испрати ми кедрови дрва и кипарис и сандалово дрво од Ливан, зашто знам дека твоите слуги умеат да сечат леванонски дрвја. Ете, моите слуги ќе одат со твоите слуги,
91 Езд 3,7за да ми подготват многу дрва, зашто домот, што го градам, ќе биде голем и величествен.
103 Цар 10,9А на дрводелците, твоите слуги, што ќе ги сечат дрвјата, ќе им дадам за храна: дваесет илјади мери пченица и дваесет илјади мери јачмен, дваесет илјади мери вино и дваесет илјади мери масло.“
11Неем 9,6И Хирам, царот тирски, одговори со писмо, кое му го испрати на Соломон: „Затоа што го засака Својот народ, Господ те постави за цар над него.“
123 Цар 7,13И уште рече Хирам: „Благословен Господ, Бог Израилев, Кој го создал небото и земјата и му дал на Давид мудар син, учен и разумен, кој се готви да Му гради дом на Господ и дом царски за себеси.
132 Мојс 31,6; 35,31.35Па така, ти испраќам човек, надарен со знаења, слугата мој Хирам-Авиј,
141 Езд 3,7син на жена од Дановите ќерки, и од татко Тирец; тој знае да прави изработки од злато и од сребро, од бакар и од железо, од камен и од дрво, од пурпурна и сина преѓа, од висон и од багреница и да реже секаква резба и да прави сѐ, што ќе му биде порачано, заедно со твоите уметници и со уметниците на мојот господар Давид, твојот татко.
15Ис.Н. 19,46А пченицата и јачменот, маслото и виното, што ги ветуваш, испрати ги, господаре мој, на своите слуги.
162 Цар 24,2; 1 Лет 22,2Ние, пак, ќе насечеме дрва од Ливан колку што треба, и ќе ги донесеме на скели по морето во Јафа, и ти ќе ги пренесеш горе во Ерусалим.“
Почеток на градење на храмот(3 Цар 6,1-38)17И ги собра Соломон сите придојдени, што беа тогаш во израилската земја, според пописот што го беше направил татко му Давид, – и излегоа сто педесет и три илјади и шестотини.
18Од нив Соломон определи седумдесет илјади за носачи, осумдесет илјади за каменоделци во горите и три илјади и шестотини за надгледници, за да настојуваат народот да работи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.