Изреки 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 9,1; 24,3 Мудрата жена си ја гради ку­ќата, а глупавата ја урива со сво­ите раце.

214,31Кој оди по прав пат, се плаши од Господ; на кого патиштата му се криви, тој Го презира (Господа).

312,6Во устата на безбожникот е кам­ши­кот на гордоста; а мудрите ги чува нив­на­та уста.

412,10Каде што нема волови, амбарите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито.

512,17; 19,5Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги.

617,24Развратникот бара мудрост, и не ја наоѓа; а разумниот до знаењето лесно доаѓа.

723,9Бегај од безумен човек, кај него нема да најдеш разумна уста.

815,21Мудар човек внимава на своето од­несување, неразумноста на глупавите ги води во заблуда.

93,34; 11,20За глупавите гревот е шега, а со пра­ведните е милоста Божја.

1015,13Секој сам ги доживува своите таги и своите радости и никој друг не може со него да ги сподели.

1112,7; 15,25Куќата на беззакониците ќе се сот­ре, а живеалиштето на праведните ќе преуспее.

1212,15; 16,25Има патишта, кои на човек му из­гледаат прави, но крајот нивни води во смрт.

13Проп 7,2-4И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настапува тага.

1410,24Човек со развратно срце ќе ги до­бие плодовите на своето однесување, а добриот – ќе живее во задоволство.

151,32-33Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори.

1622,3; 27,12Мудриот има страв и бега од злото, а неразумниот не се чува, бидејќи се чувствува безбеден.

1714,29; 15,18; 19,11; 29,22Избувливиот човек прави глупости, а пакосниот е омразен.

183,35Безумните глупост добиваат за на­г­рада, а благоразумните се украсуваат со знаење.

1911,21; 12,21Лошите ќе се поклонат пред доб­ри­те, а безбожните – пред вратите на пра­ведникот.

2019,4.7Сиромавиот го мразат дури и не­го­вите блиски, а богатиот има многу пријатели.

2111,12; 14,31; Мт 5,7Греши оној што го презира својот ближен, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите.

2220,28; 21,16Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Но милост и верност има кај оние што мислат добро.

2312,11; 28,19Од секој труд има добивка, а праз­ните зборови водат кон скудност.

248,18; 24,3Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е глупост.

2524,28; 25,18Верен сведок души спасува, а лаж­ливиот лаги измислува.

2619,23Во стравот пред Господ има голема надеж, и на чедата Свои Тој им е при­бе­жиште.

2713,14Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта.

2817,6Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ – пропаст е за господарот.

2916,32; 19,11; 29,20; Јк 1,19Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости.

3015,13Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските.

3114,21; 17,5Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го по­чи­тува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда.

3224,16; 28,1За своето зло безбожниот ќе про­падне, а праведниот и при смртта ќе има надеж.

3318,2; 24,7Мудроста почива во срцето на ра­зумниот, а во срцето на безумниот ја нема.

3411,11Правдата народ подига, а беззако­нието срамоти народи.

3516,13; 22,11На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help