Броеви 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Обврските на одделни левитски родовиПотомците на Каат

1И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

22 Мојс 30,12„Пребројте ги Каатовите синови меѓу синовите Левиеви според родовите нивни и според семејствата нивни,

31 Езд 3,8; 1 Лет 23,3.24од триесет години и нагоре до педесет години, способни за служба, за да ги вршат сите работи во скинијата на собранието.

4А ова е службата на Каатовите си­нови (левитите, според родовите нивни, според домовите нивни), во скинијата на собранието: да ја носат Најсветата Светиња.

52 Мојс 35,12; 39,34; 40,21Кога ќе треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на заветот

62 Мојс 25,5; 3 Цар 8,7и да го покријат со покровот од скапоцени кожи, и над него да ја стават покривката цела од синкаво ленено платно, и да ги постават носилата.

72 Мојс 25,23-30; 3 Мојс 24,5-9И трпезата за приносните лебови да ја покријат со синкаво ленено платно и да ги наредат одозгора чиниите, и лажиците, и чашите, и потирите; а на неа секогаш да има лебови;

8да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од скапоцена кожа и да ѝ ги постават лостовите за носење.

92 Мојс 25,31-39Да земат исто така сина покривка, и да го покријат свеќникот за осветлување, и кандилцата негови, и подлош­ките негови, и сите садови за масло, со кои се служат,

10да го обвијат него и сите негови прибори со покривка од скапоцени ко­жи и да го стават на неговата носилка.

112 Мојс 30,1-6А на златниот жртвеник да стават покривка од синкаво платно, да го пок­ријат со покривка од скапоцени кожи, и да ги постават неговите лостови за носење.

12Да го земат сиот прибор за слу­жење, со кој служат во светилиштето, да го обвијат во синкаво платно, да го покријат со покривка од скапоцени ко­жи, и да го постават на неговата носилка.

133 Мојс 1,16Да го очистат жртвеникот од пе­пелта и да го обвијат со пурпурно платно;

142 Мојс 27,3; 31,9; 38,3; Ер 52,18; 1 Лет 28,17да го стават одозгора сиот прибор негов, со кој се служат при него – мангалите, виљушките, лопатките и чаши­те – сиот прибор на жртвеникот, и да го покријат со покривка од скапоцени кожи и да го постават на неговите лос­тови за носење. (И да земат пурпурно платно и да го покријат мијалникот и неговите подножја, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носила).

152 Мојс 28,43; 2 Цар 6,7И кога ќе направат така, Арон и синовите негови, покривајќи го целото светилиште и сите негови работи, па кога ќе се крева населбата, тогаш Каа­товите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на собранието да ги носат Каатовите синови.

162 Мојс 27,20; 30,22-38; Неем 10,33На Елеазар, синот на свештеникот Арон, му се доверува маслото за све­тилникот, благомиризливата смеса за кадење, постојаниот лебен принос и маслото за помазание – му се доверува целата скинија и сѐ што е во неа, све­тилиштето и она што му припаѓа нему.“

17И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:

18„Не погубувајте го родот на Каа­товците меѓу левитите,

19туку еве што ќе направите за нив, за да бидат живи и да не умрат, кога ќе пристапат кон Светињата над светињите: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ќе работи и што ќе носи:

202 Мојс 19,21но тие не смеат да се доближуваат и да ја видат светињата кога ја покриваат, за да не умрат.“

Потомците на Гирсон

21И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

22„Преброј ги и Гирсоновите синови според семејствата нивни и според родовите нивни,

23од триесет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите способни за служба и за работа во скинијата на собранието.

243,25-26Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ќе служат и кога ќе носат:

252 Мојс 26,1-13да ги носат платништата на скинијата, и скинијата на собранието со пок­ривот нејзин, и покривката од скапо­цени кожи, што е на неа, и завесата од влезот во скинијата на собранието,

262 Мојс 27,9платништата околу дворот и завесата од влезот во дворот, што се околу скинијата и жртвеникот, со јажињата и другите нивни принадлежности; и сѐ околу ова што треба да се работи, нека го работат.

27Сите служби на Гирсоновите синови, кога носат товари и кога вршат работа, треба да се извршуваат по запо­вед на Арон и на синовите негови; ним доверете им го и чувањето на она што ќе го носат.

282 Мојс 6,23Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на собранието и тоа е она што треба да го чуваат под надзор на Итамар, синот на свештеникот Арон.

Потомците на Мерариј

29 2 Мојс 30,12 Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни и според семеј­ствата нивни;

30од триесет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

313,36-37Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на собранието: штиците од скинијата и напреч­ните греди нејзини, столбовите нејзини и подножјата нивни,

32и столбовите од сите страни на дво­рот и подножјата нивни, и клиновите нивни и јажињата нивни, и сиот прибор што им припаѓа; и именувајте ги работите, што треба да ги носат.

332 Мојс 38,21Тоа е работата на родовите на Ме­рариевите синови според службата нив­на при скинијата на собранието, а под надзор на Итамар, синот на свеш­теникот Арон.“

Попис на левитите способни за служба

34И ги преброија Мојсеј и Арон и началниците народни Каатовите синови според родовите нивни и според семејствата нивни,

35од триесет години нагоре до педесет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието.

36И излегоа на број според родовите нивни, две илјади седумстотини и пе­десет.

37Тоа се преброените од родовите Каатови, сите што ќе служат при ски­нијата на собранието, и што ги изброија Мојсеј и Арон по заповед Господова, дадена преку Мојсеј.

381 Мојс 46,11И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според семејствата нивни,

39од триесет години и нагоре до пе­десет години, сите способни за служба, за да работат во скинијата на собранието;

40и излегоа на број, според родовите нивни, според семејствата нивни, две илјади шестотини и триесет.

41Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ќе слу­жат во скинијата на собранието, а кои ги изброија Мојсеј и Арон, по заповедта Господова, дадена преку Мојсеј.

42Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според семејствата нивни,

43од триесет години и нагоре, до пе­десет години, сите способни за служба, да работат при скинијата на собранието;

44и излегоа на број, според родовите нивни, (според нивните татковски домо­ви), три илјади и двесте.

45Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови, што ги преброија Мојсеј и Арон по заповедта Господова, дадени преку Мојсеј.

46И беа изброени сите левити, што ги изброија Мојсеј и Арон и началниците израилски според родовите нивни и според семејствата нивни,

47од триесет години и нагоре до пе­десет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на собранието,

48и излегоа на број осум илјади петстотини и осумдесет.

49По заповед на Господ ги распореди Мојсеј, секој на својата работа што ќе ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help