1 и ќе сакате ли да Ми се мешате во делото на рацете Мои?
1248,13; 5 Мојс 4,32; Ер 27,5; Зах 12,1; Пс 101,25; Јов 9,8Јас ја создадов земјата и го создадов на неа човекот; Јас – Моите раце ги простреа небесата; и на сета нивна војска Јас им заповедам.
1341,2; 42,6; 48,15; 52,3; 1 Птр 1,18Јас го подигнав царот Кир во правда и ќе ги израмнам сите патишта негови. Тој ќе го изгради Мојот град и ќе ги отпушти заробените Мои не за откуп, ниту за дарови, вели Господ Саваот.
Само Господ спасува14 3 Цар 10,1; Соф 3,10; Пс 67,31 Вака вели Господ: печалбите на Египќаните и трговијата на Етиопјаните и Савејците, луѓе силни, кај тебе ќе преминат и твои ќе бидат, во вериги ќе дојдат, ќе паднат пред тебе ничкум и ќе те молат, велејќи: само ти имаш Бог, и нема друг, нема друг Бог освен Него.“
15Вистина, Ти си Бог сокриен, Бог Израилев, Спасител.
1641,11; 42,17; Ер 10,14; 51,17Сите тие ќе бидат посрамени и засрамени; заедно со нив ќе отидат со срам и сите оние што прават идоли.
1729,22; 54,4; Ер 3,23А Израил ќе биде спасен со вечно спасение од Господ; вие нема да бидете посрамени и осрамотени во векови.
Сите се поканети18 44,24 Зашто вака вели Господ, Кој го создаде небото, Тој, Бог, Кој ѝ даде облик на земјата и Кој ја создаде; Тој ја зацврсти, не ја создаде пуста, Тој ја создаде за живеење. Тој вели: Јас сум Господ, и нема друг.
1945,15; 48,16; 5 Мојс 30,11-14; Јн 18,20; Дела 26,26Не говорев тајно Јас, не во темно место на земјата; не му реков на Јакововото племе: „Барајте Ме во пустошот.“ Јас сум Господ, Кој изрекува правда, Кој ја открива вистината.
2043,9; 44,17; 46,7Соберете се и дојдете, приближете се сите, преживеани од народите. Неразбрани се оние, што го носат својот дрвен идол и се молат на бог, кој не спасува.
2141,22.26; 43,9-12; 46,9; 48,5; Ос 13,4; Пс 17,31Објавете и кажете, откако ќе се посоветувате меѓу себе: кој го кажа тоа од стари времиња? Кој однапред го кажал тоа? Нели Јас, Господ? Нема друг Бог освен Мене, – Бог праведен и Кој спасува, нема освен Мене.
2230,15; 52,10; Пс 97,3Кон Мене обратете се, и ќе бидете спасени, сите краишта земни, зашто Јас сум Бог и нема друг!
2362,8; 1 Мојс 22,16; 5 Мојс 32,40; Ер 22,5; Рим 14,11; Фил 2,10-11Се колнам во Себе Самиот: од устата Моја излегува правда, збор неизменлив дека пред Мене ќе се преклони секое колено, во Мене ќе се колне секој јазик.
2441,11.16; 54,17Само во Господ, ќе велат за Мене, има правда и сила; при Него ќе дојдат и посрамени сите, што непријателствувале против Него.
25Преку Господ ќе биде оправдано и прославено целото племе Израилево.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.