Сирахова 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Различни совети

1 1 Мојс 4,7 Не прави зло, и зло нема да те постигне;

2бегај од неправда и неправдата ќе из­бега од тебе.

31 Мојс 4,15.24; Јов 4,8; Изреки 22,8; Гал 6,8Синко, не сеј во браздите на неправдата, за да не ожнееш од нив седумпати повеќе.

413,9-10; Изреки 25,6-7; Мт 19,28Не барај од Господа власт, ниту од царот – место почесно.

51 Мојс 3,12; 4,9; Лк 16,15Не оправдувај се пред Господа и пред царот – не мудрувај.

63 Мојс 19,15; Ис 1,23; Мих 3,11; Изреки 17,15Не барај да станеш судија, за да не се покажеш немоќен да ја уништиш неправдата, да не се уплашиш од силни­от и сенка да не фрлиш врз својата пра­вичност.

7Не греши пред собирот на граѓаните да не се понижиш пред народот.

8Не притурај грев врз грев, зашто ни за еден од нив нема да останеш не­каз­нет.

9Амос 5,21; Изреки 21,27Не вели: „Ќе погледне Бог благонаклоно на многуте мои дарови; ќе ги прими – кога ќе Му ги принесам.“

103,30; Јк 1,6Не биди малодушен во твојата мо­литва и не занемарувај ја милостината.

111 Цар 2,7; Лк 1,52Не подбивај се со оној што душевно страда, зашто Кој понижува, Тој и возвишува.

12Не измислувај лага против својот брат; не прави му го тоа – ни на прија­телот твој.

13Бегај од секаква лага; од неа нема никакво добро.

14Проп 5,1-2; Мт 6,7На собир на постари не зборувај многу, и не повторувај ги зборовите во твојата молитва.

151 Мојс 3,17-19; Изреки 24,27Не бегај од тешка работа; не бегај ни од земјоделскиот труд; тој е запо­ве­дан од Севишниот.

165,7Не присоединувај се кон мноштвото на грешниците.

17Ис 66,24Длабоко понизи ја својата душа.

18Јов 22,24Помни дека гневот не задоцнува;

19казна за грешникот се огнот и црвите.

Пријателите, семејството

20 5 Мојс 24,14-15; Изреки 29,19 Не менувај пријател за богатство, ниту роден брат – за офирско злато.

212 Мојс 21,2; 5 Мојс 15,12-15; Ер 34,14Не оставај мудра и добра жена; достоинството нејзино – поскапоцено е од злато.

22Изреки 27,23Не навредувај слуга што се труди чесно, ни наемник што ти служи верно.

23Изреки 13,25; 22,15; 23,13-14; 29,15.17Душата твоја нека го сака разумниот слуга; не ограничувај му ја слободата.

2442,9-11Имаш ли добиток, пази го, а ако ти е од полза – зачувај го.

251 Кор 7,36-38Ако имаш синови, поучувај ги; од малечки свикнувај ги на послушност.

26Ако имаш ќерки, грижи се за нивната чесност; не биди премногу добар со нив;

272 Мојс 20,12; Тов 4,3-4омажи ја твојата ќерка и со тоа ќе направиш големо дело; подари ја на разумен маж.

28Ако имаш жена што ти е по твоето срце, не гони ја од себе, а ако ти е омрзната, немај многу верба во неа.

29Почитувај ги татко ти и мајка ти со сето свое срце и не заборавај ги родилните болки на твојата мајка.

305 Мојс 6,5Помни дека од нив си роден; што можеш да им дадеш за сето она што го направиле за тебе?

Должноста кон свештениците

31 3 Мојс 2,3.10; 4 Мојс 5,9 Со сета твоја душа почитувај Го својот Господ и почитувај ги неговите свештеници.

325 Мојс 14,29; Пс 40,1Со сета твоја сила почитувај Го својот Создател и не оставај ги Неговите служители.

33Тов 4,17Имај страв од Господа и почитувај го свештеникот; дај му го неговиот дел, како што ти е заповедано:

34Јов 30,25; Рим 12,15И првините и за грев и давањето плешка, и жртвата за осветување и пр­вите плодови за светиите.

Должноста кон сиромашните

35 Мт 25,34-45 И кон сиромав пружај ја раката сво­ја, та благословот твој да биде совршен.

36Биди милостив спрема секое живо создание; но и умрените не лишувај ги од милост.

37Не бегај од оние што плачат, туку тагувај заедно со нив.

38Не биди мрзлив да ги посетуваш болните; за тоа ќе бидеш сакан.

39Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згре­шиш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help