Изреки 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ во секојдневниот живот

1 16,9; 20,24 Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господ.

215,11; 21,2Сите дела на човекот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги испитува душите.

33,5-7Предај ги делата свои на Господ, и твоите намери ќе се исполнат.

411,21Господ направил сѐ со определена цел, а и безбожниците – за судниот ден.

58,13; 11,21Секој горделив по срце е одвратност пред Господ: биди сигурен дека тој нема да остане неказнет.

614,16Со милосрдност и правда грев се ис­чистува, и со страв Господов зло се от­странува.

75,21-22Кога на Бога Му се пријатни па­тиш­тата на човекот, Тој и со непријателите негови го смирува.

815,16Подобро мала печалба со правда, от­колку голема добивка со неправда.

919,21Човекот сам го обмислува патот свој, но Господ управува со него.

За царевите

10 24,21-22 Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд.

1111,1Точните мерила и тасовите се од Господ; од него се и сите точни мери.

1220,8; 25,5Незаконското дело е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајакнува.

1314,35; 22,11Справедлива уста на царот му е пријатна, и тој го сака оној, што ја ка­жува вистината.

1419,12; 20,2; 25,15Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ќе го смилостиви царот.

1520,28Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд.

Општествениот живот и моралот

16 8,10.19 Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеќе за претпочитување отколку одбрано сребро.

1719,16Патот на праведните е отстранува­ње од злото: кој ги пази своите патишта – душата своја ќе ја запази.

1811,1; 18,12Пред погибел гордоста врви, и пред паѓање – надменоста.

1929,23Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви.

203,5Кој ја води разумно работата своја, добро ќе најде, и кој се надева на Гос­под, блажен е.

2124,13-14Мудрите по срце, разумни ќе ги на­речат, и слаткиот збор го зголемува знаењето.

2213,14Разумот за оние, што го имаат, е из­вор на животот, а ученоста на безумни­от е глупост.

2318,4Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, и го умножува знаењето во устата негова.

244,22Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити.

2514,12Има патишта, кои на човекот му из­гледаат прави, но крајот им е пат кон смртта.

2613,12Кој се труди, се труди за себе, зашто кон тоа устата го упатува.

276,12-15Лукав човек зло замислува, во устата своја – оган разгорува.

2818,8; 26,20-22Подмолен човек сее раздор, и кле­ветник пријатели разделува.

293,31Злонамерен човек го мами својот ближен и го води кон лош пат;

3015,11замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајќи си ги усните, извршува зло.

3120,29Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата.

3214,29; 17,27; 19,11Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себе, подобар е и од освојувач на градови.

3318,18Ждрепка се фрла во скут, но сѐ што решава таа, од Господ е.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help