Лука 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Предговор и посвета

1Бидејќи мнозина се обидоа да го запишат кажувањето за настаните што се случија меѓу нас,

2Јн 15,27; Дела 4,31; 11,1; Евр 2,3; 1 Јн 1,1како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и слу­жители на Словото,

3Дела 1,1намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле,

4Јн 20,31за да ја познаеш веродостојноста на учењето, во кое си поучуван.

Ангел го објавува раѓањето на Јован Крстител

5 1 Лет 24,10 Во деновите на Ирод, царот јудејски, имаше еден свештеник по име За­ха­рија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Ели­са­вета.

6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови беспрекорно.

71 Мојс 11,30; 18,11; 29,31; Суд 13,2-3; 1 Цар 1,5Тие немаа деца, зашто Елисавета бе­ше неротка; а обајцата беа веќе на поод­ми­нати години.

81 Лет 23,13Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога,

92 Мојс 30,7според обичајот на свештениците, нему му се падна ждрепката да влезе во храмот Господов и да покади.

101,21За време на кадењето целиот народ се молеше надвор.

112,9; 3 Цар 6,20-21; 7,48; Мт 1,20; Дела 5,19Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник.

122,9; 9,34; 24,5.37; Суд 6,22; 13,20.22; Дан 8,17-18; Тов 12,16; Дела 2,43Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.

131 Мојс 17,19; Суд 13,3.5; Ис 7,14; Дан 10,12; Мт 28,5Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е ус­ли­шена и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му ставиш име Јован.

14И ќе ти биде радост и веселие; мно­зина ќе се зарадуваат заради негово­то ра­ѓање.

151,41-44; 7,33; 3 Мојс 10,9; 4 Мојс 6,3; Суд 13,4-5; 13,7.14; Ис 49,1.5; Ер 1,5; Гал 1,15Зашто тој ќе биде голем пред Гос­пода и нема да пие вино ниту жесток пи­ја­лак, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си;

16Мал 2,6и многу Израилеви синови ќе ги обрати кон нивниот Господ Бог;

17Ис 40,3; Мал 3,24; Сир 48,10; Мт 11,14и тој ќе оди пред Него во духот и си­лата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата, и непокорни­те кон мудроста на праведните, па да Му подготви на Господ народ подготвен.“

181,34; 1 Мојс 15,8; 18,11И му рече Захарија на ангелот: „По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе во поодминати години.“

192,10; 4,18; Дан 8,16; 9,21; Тов 12,15; Мк 1,1Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и ова да ти го благовестам;

201,45; Ез 3,26; Мт 8,10и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“

21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се забави во храмот.

22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал ви­дение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.

23И штом изминаа деновите на него­ва­та служба, тој се врати дома.

24По тоа време зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:

251 Мојс 30,23; Ис 4,1„Така ми направи Господ во дено­ви­те кога погледна на мене за да го симне срамот од мене меѓу луѓето.“

Ангел Господов го објавува скорото Исусово раѓање

26 Јн 1,46 А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет,

272,4-5; Мт 1,18кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија.

281 Мојс 26,24; 2 Мојс 3,12; Суд 6,12; Ер 1,8.19; 15,20; Соф 3,14; Зах 2,10; Рута 2,4И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“

29А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав.

301,13; 1 Мојс 6,8И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога;

311 Мојс 16,11; Суд 13,5; Ис 7,14; Мт 1,21-23и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.

322 Цар 7,14; Ис 9,7; Пс 2,7; 88,27; Мт 9,27; Дела 7,48; 16,17; Евр 7,1Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;

33Мих 4,7; Дан 2,44; 7,14и ќе царува над домот Јаковов за­се­когаш, и царството Негово нема да има крај.“

34Суд 11,39; Мт 1,18-20А Марија му рече на ангелот: „Ка­ко ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“

35Мт 1,20; Мк 1,24; Дела 3,14Ангелот ѝ одговори и рече: „Све­ти­от Дух ќе слезе на тебе и силата на Се­вишниот ќе те осени; па затоа и родено­то ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.

363,22; 9,35; 1 Мојс 21,2; 24,36; Мт 14,33; Мк 1,1Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец;

371 Мојс 18,14зашто кај Бога ниеден збор не ос­та­нува невозможен.“

381 Цар 25,41; Рута 3,9Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според збо­ровите твои!“ И ангелот си отиде од неа.

Марија во посета кај Елисавета

39А Марија стана во тие дни и поита во горскиот крај, во градот Јудин;

40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.

411,15Штом го слушна Елисавета поздра­вот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,

425 Мојс 28,4; Суд 5,24па извика со силен глас и рече: „Бла­гос­ло­вена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!

43И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?

44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.

451,20; Мт 5,3; Јн 20,29; Евр 11,11И блажена е таа која поверува, заш­то ќе се исполни она, што ѝ рекол Гос­под.“

46И рече Марија: „Мојата душа Го ве­лича Господа,

471 Цар 2,1-10; Ис 61,10; Авак 3,18; 1 Тим 2,3; Јуда 1,25и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,

4811,27; 1 Мојс 30,13; 1 Цар 1,11зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите по­ко­ле­нија;

49Соф 3,17; Пс 88,8; 110,9зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;

502 Мојс 20,6; Пс 102,13.17и милоста Негова е од колено на ко­ле­но за оние што се бојат од Него.

512 Цар 22,28; Пс 88,10Тој покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се возгордеаја со мислите во срцата свои;

52Јов 5,11; 12,19ги симна силните од престоли и ги воздигна понижените;

531 Цар 2,5; Пс 106,9гладните ги исполни со добра, а бо­гатите ги отпушти празни;

54Ис 41,8-9; Пс 97,3го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,

551,72; 1 Мојс 12,3; 8,1; 9,15; 13,15; 17,7; 22,17; 2 Мојс 2,24; Мих 7,20; Гал 3,16како што им зборуваше на тат­ков­ците наши, на Авраам и на семето негово довека.“

56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.

Раѓањето и обрезанието на Јован Крстител

57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди и таа роди син.

581,14; 1 Мојс 19,19; Тов 11,18Кога слушнаа соседите и роднините нејзини, дека ја удос­тоил Господ со Својата милост, се ра­дуваа со неа.

591 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Фил 3,5На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името на татко му Захарија.

60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“

61Ѝ рекоа нејзе: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“

62И го прашаа со знаци татко му, ка­ко би сакал да го наречат.

631,13; 8,25; 9,43; 24,12.41; Дела 2,7; 3,10Тој побара штичка и ги напиша збо­ровите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.

64И веднаш му се отвори устата негова и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога.

651,12; Дела 2,43И ги обзеде страв сите соседи; и се разгласи за овој настан по це­лата горска Јудеја.

663 Цар 18,46; Ис 53,1; Пс 79,17; 138,5Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И раката Господова беше со не­го.

Благодарствената пророчка песна на пророкот Захарија

67А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи:

682,38; 7,16; 19,44; 21,28; 2 Мојс 3,16; Ис 63,4; Ер 29,10; Пс 40,13; 71,18; 105,4.48; 110,9; 1 Птр 1,3„Благословен да е Господ, Бог Из­раилев, зашто го посети и го избави на­родот Свој;

69Пс 17,2; 88,25; 131,17; Мт 1,1и подигна за нас моќно спасение, во домот на Давид, Својот слуга;

70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,

712 Цар 22,18; Пс 105,10дека ќе нѐ спаси од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мра­зат;

721 Мојс 17,7; 3 Мојс 26,42; Мих 7,20; Пс 104,8-9; 105,45-46за да ја пројави милоста над тат­ков­ците наши и да се сети на светиот завет Свој,

731 Цар 12,10

1 Мојс 22,16-17; 26,3; Ер 11,5на заклетвата, со која му се заколна на Авраам, нашиот татко, дека ќе ни даде:

74избавување од рацете на неприја­телите наши, без страв да Му служиме

75Тит 2,12во светост и правда пред Него, во сите дни од нашиот живот.

761,16-17; Ис 40,3; Мал 3,1; Мт 3,3А ти, дете, ќе се на­ре­чеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му Го пригот­виш патот Негов;

77Мт 26,28; Мк 1,4и да му дадеш на народот Негов сознание за спасение, преку прош­те­ва­ње на гревовите нивни,

78Мал 3,20заради големото милосрдие на на­шиот Бог, со која нѐ посети Исток од виси­ни­те,

792,14.29; 8,48; 10,5-6; 19,38.42; 24,36; Ис 9,2; 41,7; 59,1-2; Ер 6,14; Мих 5,4; Мт 4,16; Јн 8,12за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.“

802,40; 1 Мојс 21,8; 1 Цар 2,21.26; Мт 3,1А детето растеше и крепнеше со духот; и беше во пустина до денот кога му се јави на Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help