Јован 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Помазанието Исусово во Витанија(Мт 26,6-13; Мк 14,3-9)

1 Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“

14А Исус, откако најде едно магаре, седна на него, како што е напишано:

15Ис 35,4; Зах 9,9„Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“

162,22; 14,26; Мк 4,13; Лк 24,45Но ова учениците Негови не го раз­браа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека Му го направија тоа.

1711,43-44Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го вос­кресна од мртвите, сведочеше.

18Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој.

193,26; 11,47-48; Мк 1,37; Дела 5,28А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“

Некои Елини Го бараат Исуса

20 Дела 10,2 Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини.

211,44; 7,34; Лк 19,3; 23,8Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, ве­лејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса.“

22Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус.

2311,4; 13,1; 17,1; Мт 8,20; Мк 14,35.41Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Чо­вечки.

24Ис 53,10-12; Мт 16,21; Рим 14,9; 1 Кор 15,36Вистина, вистина ви велам: ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре – ќе донесе голем плод.

25Мт 16,25; Мк 8,35; Лк 9,24; 14,26; Откр 12,11Кој го сака животот свој, ќе го загуби; а кој го мрази животот свој на овој свет, ќе го запази за вечен живот.

2614,3; 17,24; Мт 4,19; 16,24; Мк 8,34; Лк 14,27Кој Ми служи Мене, нека врви по Мене, и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и Мојот Отец.

Исус говори за Својата смрт

27 11,33; 16,21; 18,11; Пс 6,4.5; 41,5.11; Мт 26,38; Евр 5,7-8 Душата сега Ми се нажали, и што да кажам? Оче, избави Ме од овој час! Но, заради тоа и дојдов за овој час.

2813,31-32; 17,1-11; Мт 3,17Оче, прослави го името Свое!“ То­гаш дојде глас од небото: „И прославив, и пак ќе прославам.“

29Лк 22,43; Дела 23,9А народот што стоеше, кога го чу тоа, велеше: „Загрми!“, други, пак, ре­коа: „Ангел Му проговори!“

3011,42Исус одговори и рече: „Овој глас не беше заради Мене, туку заради вас.

313,19; 9,39; 14,30; 16,11; Лк 10,18; Ефес 2,2; Откр 12,9; 20,1-6Сега е судот на овој свет; сега кнезот на овој свет ќе биде исфрлен надвор.

323,14; 8,28; 14,3; Фил 2,9-10И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Се­бе.“

3318,32; 21,19А ова го зборуваше за да покаже со каква смрт ќе умре.

342 Цар 7,16; Ис 9,6; Ез 37,25; Пс 88,4.36; 110,4; Мт 8,20Народот Му одговори: „Сме слу­ша­ле од Законот дека Христос вечно ќе остане, а како Ти велиш дека Синот Чо­вечки треба да биде издигнат? Кој е Тој Син Човечки?“

357,33; 8,12; 9,4; Ер 13,16; 1 Јн 2,11Тогаш Исус им рече: „Уште малку време Светлината е со вас; одете додека има Светлина за да не ве опфати темнина; а кој оди по темнина, не знае каде оди.

368,59; Лк 16,8; Ефес 5,8; 1 Сол 5,5Додека ја имате Светлината, верувајте во светлината, за да бидете синови на Светлината!“ Штом го рече тоа, Исус си замина и се сокри од нив.

Неверството на народот

37 2,11; 5 Мојс 29,2-4; Мт 11,20; Рим 10,16; Евр 4,2 Иако толку чудесни знаци беше направил пред нив, тие пак не веруваа во Него,

38Ис 53,1; Рим 10,16за да се исполни словото од пророкот Исаија, кој рече: „Господи, кој поверува во она што чул од нас? И ра­ката Господова кому се откри?“

395,44Тие затоа не можеа да поверуваат, зашто Исаија уште вели:

409,39-41; Ис 6,10; Мт 13,13-15; Дела 28,26-27„Ги ослепи очите нивни, ги скамени срцата нивни, за да не гледаат со очите и со срцето да не разбираат, и да не се обратат за да ги излекувам.“

411,14; 5,39; Ис 6,1Ова го рекол Исаија кога ја беше видел славата Негова и зборувал за Не­го.

422,23; 7,31; 9,22; 16,1-4; Лк 6,22Но, и од началниците мнозина по­веруваа, само заради фарисеите не признаваа за да не бидат исклучени од синагогата;

435,44зашто им беше помила човечката слава отколку славата Божја.

Словото на Исус ќе суди

44 5,24; 13,20; Мт 10,40 А Исус извика и рече: „Кој верува во Мене, не верува во Мене, ту­ку во Оној Кој Ме пратил,

451,18; 14,9кој Ме гледа мене, Го гледа Оној Кој Ме пратил.

468,12; 9,5Јас – Светлина – дојдов во светот, така што никој, кој верува во Мене, да не остане во темнина.

473,17; Лк 6,49; 8,21; 11,28И ако некој ги чуе зборовите Мои, и не поверува, Јас нема да го судам, заш­то не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам.

488,37.47; 5 Мојс 18,18-19; 31,26-29; 1 Сол 4,8Кој се откажува од Мене и не ги прима зборовите Мои, има Кој да го су­ди: Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден.

497,17; 8,26.28; 14,10.24Зашто Јас Сам од Себе не зборувам, но Отецот, Кој Ме прати. Тој Ми даде заповед што да кажам и што да зборувам.

506,40; 17,2; 1 Птр 4,11И знам дека заповедта Негова е жи­вот вечен. А она што го зборувам Јас, го зборувам така, како што Ми рече Отецот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help