Броеви 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израилците се оддаваат на идолопоклонство

1 31,16; Пс 105,28-31 1 Мојс 19,37; Ис.Н. 2,1; Ер 5,7; 1 Кор 10,8; Откр 2,14 Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со ќерките на Моав;

22 Мојс 20,5; 32,6; 5 Мојс 32,38; 1 Кор 10,8.20; Откр 2,14и тие го покануваа народот да при­суствува на принесувањето жртви на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се поклонуваше на боговите нивни.

35 Мојс 4,3И му се приклони Израил на Ваал-Фегор. И се разгоре гневот Гос­подов против Израил.

45 Мојс 4,3; 13,17; Ис.Н. 7,26; 4 Цар 23,26; Ер 44,3; 1 Езд 10,14И му рече Господ на Мојсеј: „Земи ги сите началници народни и обеси ги пред Господ спроти сонцето, и ќе се одврати јаросниот гнев Господов од Израил.“

52 Мојс 32,27Тогаш Мојсеј им рече на судиите израилски: „Секој нека ги убие своите луѓе, што му служат на Ваал-Фегор.“

6Суд 2,4; 2 Цар 15,30; Пс 125,6; 1 Езд 10,1И ете, еден од синовите на Израил дојде и доведе кај еден од своите собраќа една Мидјанка, пред очите на Мојсеј, и пред очите на целото опште­ство на синовите израилски, кога тие плачеа при влезот од скинијата на соб­ранието.

72 Мојс 6,25; Пс 105,30-31Финес, синот на Елеазар, син на свеш­теникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката ко­пје,

8Пс 105,30и влезе по Израилецот во блуди­лиштето и ги прободе и обајцата: Изра­илецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите израил­ски.

91 Кор 10,8А умрените од помор беа дваесет и четири илјади.

10И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

112 Мојс 20,5; 5 Мојс 32,16-21; Пс 77,58„Финес, синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите израилски, покажу­вајќи меѓу нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите на Израил во ревноста Своја.

12Ис 11,9; 45,10; Мал 2,4-5Така кажи им: ете, Јас му давам мирен завет;

132 Мојс 32,25-29; 3 Мојс 1,8; 5 Мојс 33,8-11и тој ќе биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите израилски.“

14Името на убиениот Израилец, кој беше убиен со Мидјанката, е Замвриј, син на Салу, началник на родот Симе­оновци;

15Ис.Н. 13,21; Авак 3,7а името на убиената Мидјанка е Козби; таа беше ќерка на Цур, начал­ник на едно од племињата на Мидја­ните.

16Пак му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

172 Мојс 23,22; 1 Цар 17,9.35; 4 Цар 9,27; Неем 9,27„Сметајте ги за непријатели Мидја­ните и поразувајте ги,

18зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајќи ве со Фегор и со Козби, ќерката на мидјанскиот началник, нив­на сестра, убиена во денот кога имаше помор поради Фегор.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help