1 21,9-21; Гал 4,24 Но Сараја, жената на Аврам, не му раѓаше. А имаше таа слугинка Египќанка, по име Агара.
2И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини.
3И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврам за жена.
4И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја.
5А Сараја му рече на Аврам: „Навредата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во прегратки слугинката моја, а таа, откако разбра дека зачна, започна да ме презира. Господ нека суди меѓу мене и тебе!“
6Тогаш Аврам ѝ рече на Сараја: „Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!“ И Сараја почна да ја угнетува, и таа избега од неа.
725,18; 2 Мојс 15,22Но ангел Господов ја најде кај изворот во пустината, кај изворот на патот за Сур.
8И ѝ рече (ангелот Господов): „Агаро, слугинко Сарајина, од каде доаѓаш и каде одиш?“ А таа рече: „Бегам од Сараја, господарката моја.“
91 Птр 2,18Ангелот Господов пак ѝ рече: „Врати се кај господарката твоја и покори ѝ се!“
10И ангелот Господов уште рече: „Ќе го умножам многу потомството твое, така што не ќе може да се изброи.“
11И пак ѝ рече ангелот Господов: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син, и ќе го наречеш со името Исмаил; бидејќи Господ ја чу маката твоја.
1225,12-18Тој ќе биде силен како диво магаре: раката негова ќе се крева против секого, и сечија рака ќе се крева против него; и ќе живее пред лицето на сите браќа свои.“
13Тогаш (Агара) Го нарече Господа, Кој ѝ зборуваше: „Ти си Ел-Рои, Бог што гледа сѐ“, зашто рече: „Пред себе Го видов Бога и останав жива!“
14Заради тоа тој извор се нарече Беер Лахај Рои – „Извор на живиот Кој ме гледа“, а се наоѓа меѓу Кадис и Беред.
15И му роди Агара на Аврам син; и му стави (Аврам) на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил.
16А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
