1 17,7; 26,8 Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот.
230,11Како врапче што ќе фркне, како ластовица што ќе одлета, – така и незаслужена клетва нема да се збидне.
310,13; 19,29Камшик – за коњ, узда – за магаре, а стап – за безумните.
423,9; 29,9Не му одговарај на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него;
5но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли дека е мудар.
610,26Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност.
726,9Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните.
826,1Тоа што е оној што клава во праќа скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен.
926,7Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните.
103,30Силниот сѐ врши по своја волја: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува.
1127,22; 2 Птр 2,22Како што кучето се враќа на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост.
11а Има срам што води во грев, но има и срам за слава и благодат.
1229,20Ако си видел човек, кој се смета за мудар, тогаш повеќе надевај се на безумен, отколку на него.
За мрзливите13 22,13 Кога го испраќаат мрзливиот на пат, тој вели: „Ѕвер е на патот, лав има на плоштадот!“
146,9Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот – на леглото свое.
1519,24Мрзливиот ја пружа раката своја кон храната, но тешко му е да ја принесе до устата своја.
1626,5.12Мрзливиот самиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат.
Други изреки17 3,30 Кој, минувајќи, се замешува во туѓа караница, фаќа куче за уши.
1824,28Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт,
19таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: „Јас само се пошегував.“
2022,10Кога нема веќе дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува.
2130,33Јагленот е за жар, а дрвата – за оган, кавгаџијата, пак – кавга да разгорува.
2218,8Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата.
2328,10.23Она што е глинен сад, глеѓосан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце.
24Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие;
25кога говори дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има седум одвратности.
26Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ќе се открие во собранието народно.
27Кој копа јама, ќе падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ќе се врати.
28Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги повредил, и устата ласкава подготвува пропаст.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.