Езекил 44 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Намената на источната врата

1Потоа ме поведе назад, кај надворешната врата на светилиш­те­то, свртена кон исток, а таа беше зат­во­рена.

2И ми рече Господ: оваа врата ќе би­де затворена, не смее да се отвора и ни­еден човек нема да влезе низ неа, зашто Господ Бог Израилев влегува низ неа и таа ќе биде затворена.

3Таа е за кнезот, само за кнезот, за­тоа што е кнез и ќе седне до неа за да јаде леб пред Господ: ќе влезе преку тремот на таа врата и преку неа ќе из­лезе.

443,3-5; 2 Мојс 40,34; 3 Цар 8,10Потоа ме одведе низ северната врата пред лицето на храмот и видов, а тоа славата Господова го исполнуваше до­мот Господов, и паднав ничкум.

5И ми рече Господ: сине човечки, зе­ми го при срце сево ова, гледај со очите свои и слушај го со ушите свои сето она, што ќе ти го кажам за сите наредби во домот Господов и за сите негови закони: пази добро за влезот на храмот и за сите излези од светилиштето.

6И кажи му на отстапничкиот дом Израилев – вака вели Господ Бог: „Доме Израилев, престанете да ги вршите сите ваши гадотии,

7да ги воведувате синовите на туѓин­ка, необрезани по срце и необрезани по плот, за да бидат во Моето светилиште и да го осквернуваат Мојот храм, да го поднесувате Мојот леб, мрснотија и крв и да го растурате Мојот завет со вашите секакви гадотии.

8Вие не стоевте на стража пред мо­ите светињи, а ги поставувавте нив како стражари место себе во Моето свети­лиште.

9Така вели Господ Бог: ниеден син на туѓинка, необрезан по срце и необрезан по плот, не смее да влегува во Моето светилиште, дури и оној син на туѓинка, која живее меѓу синовите Израилеви.

10Исто така и левитите, кои се одда­лечија од Мене во времето на Из­ра­и­ле­вото отстапништво, откако Ме оставија, блудствуваа со идолите свои, исто та­ка тие ќе претрпат казна за гревовите свои.

11Тие ќе служат во светилиштето Мое како стража пред вратата на хра­мот и како прислужници на храмот; тие ќе колат за луѓето сепаленици и други жртви; ќе стојат пред нив за да им слу­жат.

12А заради она што им служеа пред нивните идоли и за домот на Израил беа соблазан за нечестие, Јас ја кренав ра­ката Своја врз нив, вели Господ Бог, и тие ќе претрпат казна за гревот свој;

13тие нема да се приближуваат до Мене за да служат како свештеници пред Мене и да пристапуваат до сите Мои светињи, до Светињата над светињи­те, но ќе го носат врз себе сра­мот свој и гадотиите свои, што ги вр­ше­ле.

14Ќе ги направам чувари на храмот за сите негови служби и за сѐ, што ќе се одвива во него.

За свештениците

15А свештениците од коленото Ле­ви­ево, синовите на Садок, кои постојано пазеа на Моето светилиште, кога си­но­ви­те Израилеви отстапија од Мене, ќе се приближуваат до Мене за да Ми слу­жат и ќе се задржуваат пред лицето Мое, за да Ми принесуваат мрснина и крв, вели Господ Бог.

16Тие ќе влегуваат во Моето све­ти­лиште и ќе се приближуваат до Мојата трпеза, за да ми служат и да бидат стра­жа Моја.

172 Мојс 28,5.39-43; 3 Мојс 16,4Кога ќе дојдат до вратата на внатрешниот двор, тогаш ќе се облечат во ленени облеки, а волнени не смее да има во нив за сето време на службата, до вратите на внатрешниот двор и внатрешноста на храмот.

18Превезите на главите нивни треба да бидат исто така ленени; а и долната облека на бедрата нивни исто така ле­нена; тие не смеат да се опашуваат со ништо, од што би се потеле.

193 Мојс 16,23А кога ќе треба да излезат во надворешниот двор, во надворешниот двор пред народот, тогаш ќе треба да ги соб­лечат облеките свои, со кои служеле, и да ги остават во свештените соби и да облечат други облеки, а со свештените облеки да не се допираат до народот.

203 Мојс 21,5И главата своја не смеат да ја бри­чат ниту косата да ја пуштаат, туку да ја стрижат главата своја.

213 Мојс 10,9Ниеден свештеник да не пие вино, кога ќе влегува во внатрешниот двор.

223 Мојс 21,7.13-14Ниту вдовица, ни пак разведена же­на од маж не смее тој да зема за жена, туку само девојка од племето на домот Израилев, и вдовица од свештеник.

2322,26Тие треба да го учат Мојот народ да разликува свештено од несвештено и да им објаснуваат што е нечисто, а што е чисто.

24Во расправиите на судовите треба да присуствуваат и според Моите на­ред­би да судат и да пазат на Моите закони и на наредбите Мои за сите Мои праз­ници и свето да пазат на Моите саботи.

253 Мојс 21,1-4До мртов човек никој да не се доб­ли­жува, за да не стане нечист, само за­ради татко и мајка, заради син и ќерка, брат и сестра што не се женеле можат да се осквернат.

26На таков, откако ќе се очисти, тре­ба да се избројат уште седум дена.

27И во оној ден, кога ќе треба да пристапи до светињата во внатрешниот двор, за да служи пред светињата, тој треба да принесе жртва за грев, вели Господ Бог.

284 Мојс 18,20А што се однесува до делот нивни, Јас сум нивниот дел. И сопственост во Израил не давајте им: Јас сум нивната сопственост.

294 Мојс 18,8-19Тие ќе јадат од лебниот принос, од жртвата за грев и од жртвата за вина: и сѐ што е ветено во Израил, ним им при­паѓа.

30И првините од сите ваши плодови и од секој ваш род како принос, какви и да биле вашите приноси, им припаѓаат на свештениците; и првините од браш­ното давајте му го на свештеникот за да има благослов во вашите домови.

313 Мојс 22,8Свештениците не смеат да јадат ни­каква мрша и ништо раскинато од ѕвер, па било тоа птица или добиток.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help