Псалми 72 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ТРЕТА КНИГАПСАЛМ 72Вечна правда

1Колку е добар Бог кон Израил, кон оние што се со чисто срце!

2А нозете мои за малку не потклекнаа, за малку чекорите мои ќе станеа несигурни, –

336,1; Јов 21,13-26зашто им позавидев на беззако­ни­ци­те, гледајќи го напредокот на греш­ни­ците,

4зашто не страдаат, нивните тела се цврсти и јадри.

5Немаат маки како другите, човечки неволји не ги засегаат.

6Затоа горделивоста им е како ве­ришка околу вратот, а насилството им е облека.

716,10; 118,70; 5 Мојс 32,15; Ер 5,28; Јов 15,27Очите им се подуени од сало, а од срцата им се излеваат безумија.

8Се подбиваат и злобно зборуваат, се закануваат надмено со насилство.

9Ја креваат устата против небото, а јазикот нивен ја обиколува земјата.

10Затоа народот Мој по нив се залетува, и мана не им наоѓа.

119,31И вели: „Како ќе дознае Бог, и има ли знаење во Севишниот?“

12Ете, такви се грешниците, секогаш спокојни, богатство напластуваат.

1325,6; Мал 3,14И си реков: зар залудо го чував чис­то срцето свое и во невиност ги миев ра­цете свои?

14И се изложував на непријатности секој ден и на срам секое утро?

15Но ако речев: ќе расудувам и јас та­ка, – тогаш ќе го изневерев родот на Твоите синови.

16И сакав тоа да го разберам, но тоа беше тешко за мене,

17118,130сѐ додека не влегов во Божјото све­тилиште и не го разбрав нивниот крај.

18Навистина, си ги поставил на лизгаво место, на пропаст ги соборуваш!

19Како пропаднаа, како нејнадејно из­чезнаа и загинаа однесени од ужасот!

2048,14Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди, така, Ти, Господи, ќе ги презреш нив, кога ќе се разбудат!

21Кога душата ми беше огорчена, ко­га се јадосував однатре,

22безумен бев и не разбирав, како до­биче бев пред Тебе.

23Но Јас сум секогаш со Тебе: Ти ми ја придржуваш десницата моја,

2415,10ме водиш со советот Свој и ќе ме примиш во Твојата слава.

25Кого Го имам јас на небото освен Тебе? А кога сум со Тебе на земјата, ништо друго не барам.

2615,5Може да изнемошти срцето мое и телото мое; но Бог е сила на срцето мое и наследството мое.

27Зашто, ете, оние, што се одда­ле­чу­ва­ат од Тебе, пропаѓаат; Ти го истребуваш секого, кој отстапува од Тебе.

28А мене ми е добро да сум до Бога, на Господ ја полагам надежта моја, за да ги раскажувам сите дела Твои кај портите на ќерката Сионова.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help