Еремија 35 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Лекција од Рихавовци

1Слово од Господ, упатено до Еремија во дните на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев:

2оди во домот на Рихавовци, позборувај со нив и доведи ги во домот Гос­по­дов, во една од собите и дај им да пијат вино.

3Јас го поведов Јаазанија, синот на Еремија, син Хавациниев, и братот не­гов, сите синови негови и сиот дом на Рихавовци,

4па ги доведов во домот Господов, во собата на синовите на Ханан, син Иг­да­лиев, човек Божји, која се наоѓа до со­бата на кнезовите, а над собата на Ма­асејаху, син Селумов, стражар при влезот.

5И поставив пред синовите од домот на Рихавовци полни грнци со вино и чаши, па им реков: „Пијте вино!“

6Но тие рекоа: „Ние вино не пиеме, бидејќи нашиот татко Јонадав, син на Рихав, ни заповедал, велејќи – ‚вино не пијте ни вие, ниту децата ваши довека;

7и куќи не правете, и семиња немојте да сеете, лоза не садете; такви работи да нема кај вас, туку преку сите денови на животот свој живејте во шатори, за да поживеете долго на оваа земја, каде што сте туѓинци.‘

8И ние го послушавме гласот на на­шиот татко Јонадав, син Рихавов, во сѐ, што ни заповеда – да не пиеме вино во текот на сите наши дни, ние и жените наши, синовите наши и ќерките наши,

91 Лет 29,15; Евр 11,13; 1 Птр 2,11и да не правиме куќи за наше жи­ве­ење; и, ете, ние немаме ни лозја, ни ни­ви, ниту градини,

10туку живееме во шатори и во сѐ се покоруваме и го вршиме сето она, што ни заповеда нашиот татко Јонадав.

11А кога вавилонскиот цар Наву­хо­до­носор дојде во оваа земја, ние си реков­ме: да си одиме, да појдеме во Ерусалим пред халдејската војска и пред арамеј­ска­та војска, и, еве, ние живееме во Ерусалим.“

12И дојде слово Господово до Ере­мија:

13вака вели Господ Саваот, Бог Из­ра­илев: оди, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски – зар нема да извлечете поука од ова за себе, па да ги послушате зборовите Мои, вели Господ.

14Се исполнуваат зборовите на Јона­дав, синот Рихавов, кој им заповеда на синовите свои да не пијат вино, и тие до ден денес не пијат, бидејќи му се покоруваат на заветот што му го дале на својот татко; Јас, пак, постојано ви збо­рував од рано утро, а вие не Ме пос­лу­шавте.

1518,11; 25,6; 36,3; 5 Мојс 6,14; 4 Цар 17,13.22Ги испраќав Јас кај вас сите Мои слуги – пророците ги праќав од рано ут­ро, и велев – повратете се секој од својот лош пат и исправете го поведението свое и не одете по други богови, за да им служите, па ќе живеете во оваа зем­ја, која ви ја дадов вам и на татковците ваши; но вие не го приклонивте увото и не Ме послушавте.

16Бидејќи синовите на Јонадав, синот Рихавов, ја исполнуваат заповедта на својот татко, што беше им ја дал, а овој народ Мој Мене не Ме слуша,

17затоа, вака вели Господ, Бог Са­ва­от, Бог Израилев – еве, Јас ќе го ис­пра­там врз Јудеја и врз сите жители еру­са­лимски сето ова зло, што го изреков врз нив, зашто Јас им зборував, а тие не слушаа, им викав, а тие не одговараа.

Ветување за Рихавовци

18А на семејството Рихавовци, Ере­мија им рече – вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: бидејќи го послушавте заветот на вашиот татко Јонадав и ги пазите сите негови заповеди и во сѐ постапувате, како што ви заповедал,

197,10; 15,19затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев – никогаш нема да не­достига од Јонадав, синот Рихавов, човек кој ќе стои пред лицето Мое во сите дни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help