Јоил 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Господ ќе им суди на народите

1 Зах 12 Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ќе ги вратам прогонетите од Јуда и од Ерусалим,

2Откр 16,13-16тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израил, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија.

3Авд 1,11; Наум 3,10За народот Мој фрлија ждрепка и даваа момче за блудница, и продаваа де­војче за вино, и пиеја.

4Ер 47,4; Амос 1,6-10Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне, и сите краеви филистејски? Са­кате ли да Ми се одмаздите за нешто? Ако Ми се одмаздувате Мене, за миг ќе ја свртам одмаздата ваша врз вашите глави,

5бидејќи вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни дра­гоцености и ги внесовте во вашите без­божнички светилишта;

6Ез 27,13; Амос 1,6а синовите на Јуда и на Ерусалим им ги продававте на потомците Јаванови, за да ги избркате од нивните предели.

7Еве, Јас ќе ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ќе го свртам вашето злосторство врз главите ваши.

8Ис 22,25; Ер 6,20; Авд 1,18И ќе ги продадам синовите ваши и ќерките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ќе им ги продадат на Са­вејците, народ далечен. Така вели Гос­под.

Суд во Долината на одлуката

9 Ис 13,4; Ез 38–39; Зах 14,2 Кажете го ова меѓу народите, при­гответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници.

10Ис 2,4; Мих 4,3Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: јунак сум.

11Побрзајте, вие околни народи, и со­берете се. Господи, доведи ги јунаците Свои!

123,2Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ќе седнам Јас за да им судам на си­те околни народи.

13Ис 17,5; 63,1-6; Мт 3,12; Мк 4,29; Откр 14,14-20Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, зашто нивното зло е големо.

143,2; Ис 17,12Мноштво, мноштво во Долината на одлуката! Зашто близу е денот Госпо­дов во Долината на одлуката.

152,10Сонцето и месечината ќе потемнат, и ѕвездите ќе го изгубат својот сјај.

16Ер 25,30; Амос 1,2; Пс 45,1-2И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.

Господ ќе го благослови Својот народ

17 2,27; Ис 52,1; Ез 38,23; Зах 9,8; Откр 21,27 Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Еру­са­лим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него.

18Ис 30,25; Ез 47,1; Ос 2,21-22; Амос 9,13; Зах 14,8; Јн 4,1И, ете, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, од сите долини јудејски ќе потече вода, а од домот Господов ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим.

19Амос 1,11; Авд 1,10; Мал 1,3Египет ќе стане пустина и Едом ќе стане пустина, бидејќи тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна.

20Ер 17,25; Ез 37,25А Јудеја ќе биде населена вечно, и Ерусалим – од род во род.

21Ис 4,4Јас ќе ја одмаздам крвта нивна, за која уште не сум се одмаздил, и Господ ќе живее на Сион.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help