Исход 33 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог му заповеда на Мојсеј да тргнат

1 13,11; 1 Мојс 12,7; 4 Мојс 10,11-13 И Господ му рече на Мојсеј: „Крени се оттука ти и народот, кого го изведе од земјата египетска и оди во земјата, за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков, велејќи: на потомството ваше ќе му ја дадам;

214,19; 23,20.23; 5 Мојс 7,1и ќе испратам пред тебе ангел, и ќе ги изгонам Хананците, Аморејците, Хитијците, Перизијците, Евејците, (Гергесејци) и Јевусијците:

33,8; 32,9-10и ќе те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со вас, за да не ве погубам по патот, бидејќи вие сте тврдоглав народ.“

44 Мојс 14,39А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, и никој не го кладе на себе накитот свој.

532,9Зашто Господ му беше рекол на Мојсеј: „Кажи им на синовите израил­ски: вие сте тврдоглав народ; само за миг да се симнам помеѓу вас, ќе ве истребам; а сега симнете го од себе накитот свој, а Јас ќе ви покажам што ќе напра­вам со вас.“

63,1И ги извадија накитите од себе синовите израилски на планината Хорев.

Скинијата на собранието

7 26,1; 1 Мојс 25,22; 27,21; 4 Мојс 12,4-8 А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од логорот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше во скинијата на собранието, што се наоѓаше надвор од логорот.

8И кога Мојсеј тргнуваше кон скинијата, сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеј, додека не влезе во скинијата.

919,9; 29,42; 5 Мојс 31,15; Пс 98,7А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеј.

10И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се поклонуваше пред влезот на својот шатор.

1133,20; 34,34; 4 Мојс 12,8; 5 Мојс 34,10; Сир 46,1И тогаш Господ зборуваше со Мојсеј лице в лице, како што човек збо­рува со пријателот свој. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, додека неговиот помошник, младиот Исус, синот Нави­нов, не излегуваше од скинијата.

Господ разговара со Мојсеј

12 3,10; 15,17; Ис 43,1; 45,3; 49,1 И Мојсеј му рече на Господ: „Ете, Ти ми велиш: ‚води го тој народ‘, и не ми јави кого ќе пратиш со мене, иако ми рече: ‚Јас те знам по име и ти најде милост пред Мене.‘

133,7; 5 Мојс 9,26.29; Пс 24,4; 50,15; 102,7; 142,8Па, ако, сум нашол милост пред Тебе откриј ми се да Те разберам, та и понатаму да најдам милост пред Тебе, и да видам дека овие луѓе се Твој народ.“

14Ис.Н. 11,23; 21,44; Ис 63,9; Ер 31,2И му рече Господ: „Јас Самиот ќе врвам пред тебе, и ќе те успокојам.“

1534,9; Пс 79,3.7.19А Мојсеј му рече: „Ако Ти Самиот не појдеш со нас, тогаш не изведувај нѐ одовде,

1634,10; 3 Мојс 20,24.26; 4 Мојс 14,14; 23,9; 5 Мојс 2,7; 4,7.32.34зашто, по што ќе познаеме дека јас и народот Твој сме нашле милост пред Тебе, освен по тоа што Ти одиш со нас? И по тоа ќе се разликуваме и народот Твој од сите други народи што се на земјата.“

175 Мојс 10,10И Господ му рече на Мојсеј: „Ќе го направам и тоа, што го кажа, зашто ти најде милост пред Мене, и те познавам многу добро.“

1816,7; 3 Цар 19,9-18; Јн 1,14Пак рече Мојсеј: „Покажи ми ја славата Своја.“

193,14; 6,3; 34,6-7; 3 Цар 19,11; Рим 9,15Му одговори: „Ќе ја покажам пред тебе сета Моја слава, и ќе Го изговорам името Господово пред тебе, и кој е за помилување, ќе го помилувам, и кој е за утешение – ќе го утешам.“

203,6; 4 Мојс 4,20; 5 Мојс 5,24.26; Суд 6,22-23; Ис 6,5; Јн 1,18И потоа рече: „Но лицето Мое не ќе можеш да го видиш, зашто не може човек да Го види лицето Мое и да остане жив.“

21И пак рече Господ: „Ене место кај Мене, застани на онаа карпа!

223 Цар 19,9; Ис 2,21; 49,2; Пс 26,5; 62,8; 91,1.4А кога ќе помине славата Моја, ќе те ставам во пукнатината на карпата, и ќе те засолнам со раката Своја, додека не поминам;

23а кога ќе ја кренам раката Своја, ти ќе ме видиш откај грбот, но лицето Мое не ќе можеш да го видиш.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help