Јов 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Последен говор на Јов (продолжение)

1 19,18 „А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии тат­ковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои.

2И за што ми е силата на нивните ра­це? Над нив помина веќе времето.

324,5Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена;

4собираа посолени лисја од грмушка и смрекови корења им беа храна.

5Ги гонеа луѓето и викаа по нив како по крадци.

6Суд 6,2; 1 Цар 13,6Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери.

7Викаа меѓу грмушките, се вовираа под трњето.

8Суд 11,2Луѓе отфрлени, луѓе безимени; со стап протерани од земјата.

916,7-11; 17,6; Пс 68,12; Плач 3,14Ете, ним им станав јас сега потсмев и приказ за разговорот нивни.

10Ис 50,6Тие се гадат од мене, ме одбегнува­ат и не се воздржуваат дури и да плу­ка­ат на мене.

11Затоа што Бог ми го олабави лакот и ме кутна на земја, тие немаат никаква воздржаност во мое присуство.

1219,19Оддесно се крева тој изрод, ме по­ва­лија и кон мене ги насочија патиштата свои погубни.

1324,13А мојот пат го разрушија: сѐ напра­вија за мојата погибел, без ничија по­мош.

1413,12; 21,34Доаѓаат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене.

1517,15Ужаси ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое од­мина како облак.

1616,13Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа.

1733,19Ноќе ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир.

187,5Со голема мака се соблекува од ме­не облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува.

199,31Тој ме фрли во калта; станав како прав и пепел.

2019,7Викам кон Тебе, и Ти не ме слу­шаш, – стојам, а Ти само ме гледаш.

2116,12-14Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поразуваш.

22Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш.

2317,16Знам дека Ти ќе ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат си­те живи.

2419,21Зарем не подава рака оној што се дави? Не бара ли помош човек во нес­реќа?

2529,25Зар не сум плачел за оној што беше во зло, не тажеше ли душата моја за бедните?

2629,18Додека го чекав доброто, дојде злото; дури чекав светлина, дојде тем­нина.

276,4Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа.

28Плач 4,8Одам поцрнет, но не од сонце; ста­нувам во собранието и викам.

29Мих 1,8; Пс 101,6-7Станав брат на чакалите и пријател на ноевите.

30Плач 3,4Кожата ми поцрне на мене, а кос­ките ми се исушија од горештина.

31Амос 8,10; Плач 5,15И гуслата ми стана таговна, и свир­ката моја – глас плачевен.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help