1 4 Цар 25,28 Потоа царот Ксеркс го возвеличи Вугеецот Аман, син Амадатов, го воздигна и го постави престолот негов погоре од престолите на сите свои кнезови;
2и сите слуги на царот, кај царската порта се поклонуваа и паѓаа ничкум пред Аман, бидејќи така беше заповедал царот. Но Мардохеј не му се поклонуваше и не паѓаше на колена.
3И му говореа на Мардохеј царските слуги кај царската порта: „Зошто ја кршиш царевата заповед?“
4Но иако му говореа така секој ден, тој сепак не ги слушаше. Тогаш му јавија на Аман, да видат ќе остане ли на зборот свој Мардохеј, бидејќи им беше рекол дека е Јудеец.
5Откако виде Аман дека Мардохеј не се поклонува и не паѓа ничкум пред него, се исполни со гнев.
6Но тој помисли дека не е добро да става рака само на Мардохеј; но бидејќи му рекоа, од кој народ е Мардохеј, Аман намисли да ги истреби сите Јудејци во целото Ксерксово царство, како народ на Мардохеј.
79,24; Ис 34,17; Јона 1,7; Изреки 1,14; Неем 11,1; 1 Лет 24,31Па свика совет во првиот месец, односно месецот нисан, во дванаесеттата година од владеењето на царот Ксеркс, и фрлаа ждрепка пред Аман од ден на ден и од месец на месец, и падна ждрепката на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, односно месецот адар кога требаше да го погубат Мардохеевиот народ.
Аман подготвува истребување на Јудејците8 4 Мојс 23,9; Дан 3,12; 1 Езд 4,12-15; Мудр 2,14-16 И Аман му рече на царот Ксеркс: „Има еден народ, распрснат меѓу народите по сите краишта на твоето царство; законите нивни се разликуваат од законите на сите народи, и царските закони тие не ги исполнуваат; па не треба царот така и да ги остави.
9Ако му е на царот угодно, нека заповеда да бидат истребени, и десет илјади кикари сребро ќе измерам за да бидат внесени во царската ризница.“
101 Мојс 41,42Тогаш царот го извади од раката прстенот свој и му го даде на Вугеецот Аман, синот Амадатов за да стави печат на повелбата против Јудејците.
118,8; 1 Мојс 16,6; 19,8; Суд 10,15; 19,24И му рече царот на Аман: „Ти го предавам тебе тоа сребро и народот; прави со нив што сакаш.“
121,22И беа свикани царските писари во првиот месец, во тринаесеттиот негов ден, и беше напишано, како што заповеда Аман, до царските намесници на секоја област, до кнезовите на секој народ, – на секоја област со нејзиното писмо, и до секој народ на јазикот негов: сѐ беше напишано од името на царот Ксеркс и потврдено со печатот од царскиот прстен.
138,11И беа испратени писма преку брзоодци до сите царски области за да бидат убиени, погубени и истребени сите Јудејци, од најголем до најмал, деца и жени, во еден ден, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, односно, месец адар, и имотот нивен да биде разграбен.
13а Еве препис од тоа писмо: „Големиот цар Ксеркс – до намесниците од Индија до Етиопија, над сто дваесет и седум области и до нивните началници.
13б Царувајќи над многу народи и владеејќи над целата вселена, јас сакав, – да не се гордеам со власта, да управувам секогаш кротко и мирно, да го направам животот на поданиците постојано спокоен и, заживувајќи го царството свое мирно и слободно во пределите негови да го востановам саканиот за сите луѓе мир.
13в Но, кога ги запрашав советниците, на кој начин да го направам тоа, тогаш Аман, кој кај нас се одликува со мудрост и ужива неизмерлива благонаклоност и кој докажа цврста верност и доби втора по царот чест,
13г ни објасни дека меѓу останатите племиња на вселената се вовлекол еден непријателски народ, кој поради законите свои е намразен од сите народи и кој никогаш не ги почитува царските заповеди за да не може да се воспостави успешно беспрекорното управување на царството што го раководиме ние.
13д И така, кога дознав дека само тој народ секогаш му се противставува на секој човек, и дека води живот, туѓ на законите, и, противејќи се на нашите намери, извршува најголеми злосторства, така што нашето царство да не може да ја достигне благосостојбата,
13ѓ ние заповедавме, оние што ќе бидат посочени во писмата на Аман, кој е поставен како надзорник над робовите, и наш втор татко, целосно да бидат истребени со непријателски меч – сите, заедно со жените и децата, без никакво сожалување или поштедување, во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец адар оваа година,
13е и тие и порано и сега непријателски луѓе, бидејќи во еден ден беа насилно соборени во адот, да не ни пречат отсега натаму да живееме мирно и спокојно докрај.“
148,13Препис од писмото да се испрати до секоја област, како закон, што им се објавува на сите народи за да бидат спремни за оној ден.
158,14; 2 Мојс 14,3; Јоил 1,18Брзоодците тргнаа брзо со царската заповед. Повелбата беше објавена и во престолнината Суза: а царот и Аман седеа и пиеја, а градот Суза беше вознемирен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.