1 13,53 Јован се врати од Газир и му раскажа на својот татко Симон што прави Кендевеј.
22,47; 3,6Тогаш Симон ги повика своите двајца постари синови, Јуда и Јован, и им рече: „Јас, моите браќа и домот на мојот татко, војуваме против непријателите на Израил, од младост до денес и многупати со нашите раце успешно го спасувавме Израил.
33,18.50Но, ете, јас остарев, а вие, по Божја милост, се наоѓате во цветот на вашата младост; земете го моето место и местото на моите браќа, па водете борба за нашиот народ, и небесната помош нека биде со вас.“
4Избра Симон од народот дваесет илјади пешаци и коњаници, кои појдоа против Кендевеј и преноќуваа во Модин.
5Кога станаа утредента и излегоа на рамнината, а таму, ете, пред нив беше многубројна војска, пешаци и коњаници, а меѓу нив имаше еден поток.
6И се крена Јован против нив, тој самиот и неговиот народ и откако виде дека неговите луѓе се плашат да минат преку потокот, тој прв мина, а кога го видоа тоа неговите војници, минаа и тие.
7Потоа ги раздели луѓето, така што коњаниците ги стави меѓу пешаците; коњицата на непријателот беше помногубројна.
815,41Штом затрубија со своите труби, Кендевеј почна да бега и неговата војска заедно со него; од нив паднаа многу ранети, а другите избегаа во крепоста.
9Тогаш беше ранет Јуда, братот на Јован, но и покрај тоа Јован ги гонеше непријателите сѐ до тврдината Кедрон, која ја беше изградил тој.
1010,84Тие избегаа во кулите што се наоѓаа во областа на Азот, но Јован ги запали кулите и од оние што беа во нив, загинаа околу две илјади души; потоа во мир се врати во јудејската земја.
Убиството на Симон11А Птоломеј, синот на Авув, беше поставен за управител на Ерихонската рамнина, и имаше многу сребро и злато,
12зашто му беше зет на првосвештеникот.
131,3Неговото срце се возгордеа, па посака да завладее со земјата, замислувајќи со лукавство и подмолност да го убие Симон и неговите синови.
14Зах 1,7; 14,15Симон, пак, посетувајќи ги градовите во својата земја и водејќи грижа за задоволување на нивните потреби, дојде и во Ерихон, заедно со неговите синови Мататија и Јуда, во сто седумдесет и седмата година, во единаесеттиот месец, – месецот шеват.
15Синот на Авув ги прими љубезно, намамувајќи ги со лукавство во малата тврдина, што ја беше изградил тој; им приреди голема гозба, но таму беше сокрил и некои свои луѓе.
16И кога Симон и неговите луѓе се опија, стана Птоломеј и тие што беа со него, го зедоа своето оружје и за време на гозбата влегоа кај Симон и го убија – него, неговите синови и некои од неговите слуги.
17На таков подмолен начин го изврши ова големо злодело и врати со зло за доброто.
18Птоломеј му напиша за ова на царот и побара од него да му прати на помош војска, а тој му ја предаде земјата и нејзините градови.
193,55; 4 Мојс 31,48; 2 Цар 18,1Други свои луѓе испрати во Газир за да го убијат Јован, а писма им испрати на воените заповедници да дојдат кај него за да им даде сребро, злато и подароци;
20други, пак, испрати да ги заземат Ерусалим и светата Гора.
21Но некој отрчал кај Јован во Газир за да го извести дека татко му и браќата негови се убиени и дека Птоломеј испратил луѓе да го убијат и него.
22Кога го слушна тоа, Јован многу се збуни; ги фати мажите што беа дошле да го погубат и ги уби, бидејќи беше дознал дека тие сакаа него да го убијат.
239,22Другите, пак, Јованови дела: војните, храбрите подвизи, славно извршени, градењето на ѕидот и сите други негови дела –
243 Цар 14,29ете, тие се опишани во дневникот за неговото врховно свештенство, од времето кога стана првосвештеник по неговиот татко.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.