Езекил 47 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Вода што истечува од храмот

1 Ер 2,13; Јоил 3,18; Зах 13,1; 14,8; Откр 22,1 Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, би­деј­ќи храмот беше свртен кон исток, и во­дата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.

2Ме изведе низ северната врата и од­надвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.

3Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше јаже; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.

4Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата бе­ше длабока до колена. Измери уште ил­јада лакти и ме преведе преку водата; водата беше длабока до појасот.

5Ис 11,9И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше река, преку која јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока што требаше да пливам, зашто таа река не можеше да се пре­га­зи.

6Па ми рече: „Виде ли, сине чо­веч­ки?“ Потоа ме поведе назад кон брегот на реката.

7А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.

8И ми рече: „Оваа вода тече кон ис­точниот дел на земјата, се спушта во Арава и потоа ќе се влива во морето; и водите на реката ќе бидат здрави.

9Јн 4,14; 7,37-38И секое живо суштество што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има та­му многу, зашто таа вода ќе се влива та­му; и водите на морето ќе станат здра­ви, и каде што ќе се влива таа река, та­му сѐ ќе биде живо.

10Мт 4,19; 13,47; Лк 5,5-6; Јн 21,6И до него ќе стојат рибари од Ен-еди до Ен-Еглаим, ќе фрлаат мре­жи. Ќе има секаков вид риба, како и во Го­лемото Море, и ќе има многу, многу риба.

11Мочуриштата и барите негови, нема да станат здрави, тие ќе бидат ос­та­вени за сол.

12Ер 17,8; Пс 1,3; Откр 22,2По бреговите на реката од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нив­ни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зре­ат нови, зашто водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат ка­ко храна, а лисјата нивни – за лек.“

Меѓите на земјата

13 4 Мојс 34,1-13 Вака вели Господ Бог: „Еве ја рас­пределбата, според која вие ќе треба да ја разделите земјата во наследство по­меѓу дванаесетте Израилеви колена – на Јосифовите два дела.

14Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство.

15А еве ја границата на земјата: од се­вер, почнувајќи од Големото Море, пре­ку Хетлон до Хамат, по патот за Цедад,

16Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Хамат, Ха­цер-Тикон, кој се наоѓа на Хауранската граница.

17И границата од морето ќе биде до Хацар-Енан, границата со Дамаск и по­натаму на север сѐ до областа Хамат: тоа ќе биде северниот крај.

18Од источната страна повлечете цр­та меѓу Хауран и Дамаск, меѓу Галаад и земјата израилска, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е источната гра­ница.

19А од јужната граница кон југ од Та­мара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до Големото Море: тоа е јужната граница.

20Западната граница ќе биде Го­ле­мо­то Море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.

21Разделете си ја таа земја на делови според Израилевите колена.

22Дела 11,18; 15,14; Ефес 2,12-14; Кол 3,11А разделете ја со ждрепка како нас­ледство свое и наследство на придојде­ни, што живеат кај вас, и кои родиле де­ца кај вас, па и тие нека се сметаат како домородци, и да имаат дел од нас­лед­ство­то меѓу колената Израилеви.

23Кај чие колено живее доселеник, кај него дајте му и негово наследство“, вели Господ Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help