Еремија 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израил е казнет поради неверството

1И пак беше упатено словото Гос­подово до мене:

2Ез 16,60; 5 Мојс 2,7; 8,2-4„Оди и извикај во ушите на Еру­са­лим – вака вели Господ: ‚се сеќавам на посветеноста во младоста твоја, на твојата љубов, кога како невеста тргна по Мене во пустината, во незасеана земја.‘

3Ос 2,18Израил му беше светиња на Господ, првина од плодовите Негови: сите, што јадеа од нив, биваа осудувани, ги стиг­нуваше зло,“ вели Господ.

4Чујте го словото Господово, доме Ја­ковов и сите родови на домот Израилев!

55 Мојс 32,4; Ис 1,1-2; Јов 34,10; 4 Цар 17,15; Јона 2,9; Мудр 13,1Вака вели Господ: „Каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни?

6Ис 63,11; Јов 35,10; 5 Мојс 32,10-12И не рекоа: ‚каде е Господ, Кој нѐ изведе од египетската земја, нѐ водеше по пустината, по земја пуста и ненаселена, по земја сува, по земја на смртна сенка, по која никој не одел и во која ни­кој не живеел?‘

75 Мојс 32,13-18; 23,15; Ис 24,5А кога ве воведов во земја плодород­на, за да се храните од плодовите нејзини и од добрата нејзини, вие влеговте и ја осквернивте земјата Моја, и сопственоста Моја ја направивте гадотија.

84 Цар 2,14; Лк 11,52; 5,5; 1 Цар 12,21Свештениците не рекоа: ‚каде е Гос­под?‘ И учителите на законот не Ме познаа, и пастирите се одметнаа од Ме­не, и пророците пророкуваа во името на Ваал и одеа по оние, кои не помагаат.

Господ го обвинува Својот народ

9Затоа Јас уште ќе се судам со вас, вели Господ, и со синовите на вашите синови ќе се судам.

10Затоа отидете на бреговите на Ки­тим и разгледајте, и испратете во Кедар и испитајте сесрдно и видете: станувало ли таму нешто слично на тоа?

1116,19; Пс 105,20; Ис 44,9Ги променил ли некој народ боговите свои, иако тие не се богови? А Мојот народ ја менуваше Славата своја за она што не помага.

12Ис 1,2Чудете се на тоа, небеса, стресете се и грозете се, вели Господ.

132,17; 17,13; Ос 10,10; Јн 4,10Зашто две зла изврши Мојот народ: Мене, изворот на жива вода, Ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода.

14Зар Израил е слуга? Или е слуга до­мородец? Зошто така стана плен?

154,7; 51,38Зарикаа против него млади лавови, нададоа рик и ја направија земјата негова пустелија; градовите негови му се изгорени, никој не живее во нив.

16И синовите на Мемфис и Тафнис те познаа и ти го избричија темето.

172,19; 5,7Не си го направи ли тоа сам, ос­та­вајќи Го твојот Господ Бог во она вре­ме, кога Тој те водеше по патот?

18И сега, што бараш во Египет да пи­еш вода од Нил? И зошто да одиш во Асирија за да пиеш вода од реките неј­зини?

191,16; 2,13; 5,22; 4 Мојс 14,34; Пс 106,17; Мудр 4,20Ќе те казни отстапувањето твое, и злобата твоја ќе те обвини: и така познај и размисли, колку е лошо и гор­чли­во што Ме остави, вели твојот Господ Бог, што кај тебе нема страхопочит, ве­ли Господ, Бог Саваот.

205,5; 11,10; Мт 11,30Зашто одамна го скрши јаремот свој, ги раскина твоите вериги, па ве­ле­ше: – Нема Тебе да Ти служам; но ќе појдам на секој висок рид и под секое лиснато дрво ќе им служам на идоли.

21Пс 79,8; 5 Мојс 32,32Јас те посадив како благородна лоза – најчисто семе; а како Ми се претвори во див ластар од туѓа лоза?

Вината на Израил

22 Јов 9,30 Затоа, макар и да се измиеш со са­пун и да употребуваш многу пепелница, – твоите беззаконија ќе се покажат пред Мене, вели Господ Бог.

23Како можеш да кажеш: ‚Јас не се осквернив, и не одев по Ваал?‘ Загледај се во патиштата твои во долината, и увиди што правеше ти, бујна камило, која трча наваму натаму?

24Ос 8,9Кој може да скроти навикната на пустина дива магарица, која со страст во душата дише забрзано? Сите, што ја бараат, нема да се уморат: во месецот нејзин ќе ја најдат.

253,13; 18,12; 5 Мојс 32,16Не дозволувај им на нозете свои да се боси, и на грлото твое – да се мачи од жед. Но ти рече: ‚Ништо од тоа, зашто ги сакам туѓинците и по нив ќе одам.‘

26Како што крадец, кога ќе го фатат, се посрамува, – така ќе се посрами Из­раилевиот дом: царевите нивни, кнезо­вите нивни, свештениците нивни и пророците нивни, –

273,9; 5 Мојс 32,6; Мудр 13,17кои на дрвото му велат: ‚ти си мој татко‘, и на каменот: ‚ти ме роди‘; заш­то тие Ми свртеа грб, а не лице; а во време на неволји велат: ‚стани и спаси нѐ!‘

2810,8.14; 16,20; 5 Мојс 32,37-38; 3 Цар 19,18; Ис 2,8; Ос 14,4; Посл 1,36Каде се, пак, твоите богови, што сам си ги направил? Нека станат тие, ако можат – да те спасат во време на твојата неволја; зашто, колку градови имаш, о, Јудо, толку и богови имаш!

Бунтот на Израил против Господ

29Зошто се жалите кај Мене? Сите вие се одметнавте од Мене,“ вели Гос­под.

30Ис 1,20; Неем 9,26; 1 Сол 2,15Напразно ги ударав децата ваши: тие не се вразумија; вашиот меч како истребувачки лав ги јадеше пророците ваши.

31О роде, чујте го словото Господово: „Јас ли бев пустина за Израил, Јас ли бев земја неплодна? А зошто Мојот на­род вели: ‚Слобода сакаме, нема повеќе да доаѓаме кај Тебе!?‘

322,17; 6,19Го заборава ли девојката украсот свој, и невестата – накитот свој? А Мо­јот народ Ме заборави – има веќе без­број дни.

33Како лукаво ги насочуваш ти па­тиштата свои, за да придобиеш љу­бов­ници, та дури и непристојните жени ги научи на тоа!

34Плач 4,14Дури по твоите поли има крв од бедните, невини луѓе; иако не ги фати да провалуваат! И покрај тоа,

35велиш: ‚невина сум, гневот Негов ќе се одврати од мене.‘ – Ете, Јас ќе се судам со тебе, затоа што велиш: ‚не згрешив‘.

3648,13; Ис 30,3Зошто толку многу скиташ, менувајќи го патот свој? Ќе бидеш посрамена и од Египет, како што беше посрамена од Асирија;

37и од него ќе излезеш со рацете на глава, зашто Господ ги отфрли оние на кои се надеваш и со нив нема да имаш успех.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help