1 Пс 108,6; 2 Лет 18,21 Се крена сатаната против Израил и го поттикна Давид да ги преброи Израилците.
2И Давид му рече на Јоав и на началниците народни: „Одете, пребројте ги Израилците од Вирсавија до Дан, и соопштете ми за да го знам нивниот број.“
35 Мојс 1,11Јоав рече: „Да го намножи Господ народот Свој стопати повеќе, отколку што е! Сите тие, господаре мој, царе, нели се слуги на мојот господар? Зошто го бара тоа мојот господар? Зошто тоа да му стане причина за вина на Израил?“
4Но царскиот збор надвладеа над Јоав. И отиде Јоав, та го обиколи сиот Израил, и дојде во Ерусалим.
5И му даде Јоав на Давид список на преброениот народ. Сите Израилци беа еден милион и сто илјади мажи мечоносци, и Јудејци четиристотини и седумдесет илјади мечоносци.
6А левитите и Венијаминовите племиња не ги преброи со нив, зашто царскиот збор му беше одвратен на Јоав.
7Тоа нешто Му беше мрско на Бога, и Тој го порази Израил.
8И Давид Му рече на Бога: „Многу згрешив, што го направив тоа. Сега прости му ја вината на Твојот слуга, зашто постапив многу неразумно.“
91 Цар 9,9; 22,5И му рече Господ на Гад, јасновидецот Давидов:
10„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; избери си една од нив, и Јас ќе ја испратам врз тебе.“
11Дојде Гад кај Давид и му рече: „Така вели Господ, избери си:
125 Мојс 32,24‚или три години глад, или три месеци да бидеш прогонуван од твоите непријатели, и мечот на твоите непријатели да се допира до тебе; или три дена мечот Господов и помор по земјата и ангел Господов да убива по сите предели на Израил.‘ И така, види што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати со овие зборови.“
13Пс 6,3; 85,15; 129,4.7Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко, но подобро да паднам во рацете на Господ, зашто милосрдието Негово е многу големо; само да не паднам во рацете човечки.“
14И испрати Господ помор на Израил, и умреа седумдесет илјади души Израилци.
151 Мојс 6,6; 2 Мојс 32,14Па го испрати Господ ангелот во Ерусалим, за да го истребува. И кога почна да го истребува, Господ виде и се нажали поради тоа зло, и му рече на ангелот истребител: „Доста! Сега спушти ја раката своја!“ А ангелот тогаш стоеше над гумното на Јевусиецот Орнан.
164 Мојс 14,5; Ис.Н. 7,6Давид ги крена очите и го виде ангелот Господов како стои меѓу небото и земјата со гол меч во раката негова, протегнат над Ерусалим; и падна Давид ничкум со началниците, покриени со вреќишта.
172 Цар 7,8И Му рече Давид на Господ: „Нели јас наредив да го пребројат народот? Јас згрешив, јас направив зло, а овие овци што направиле? Господи, Боже мој! Нека биде Твојата рака врз мене и врз мојот татков дом, а не врз Твојот народ, за да го погубиш.“
182 Лет 3,1И ангелот Господов му рече на Гад, за да му каже на Давид: „Нека дојде Давид и нека постави жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орнан.“
19Давид отиде, според зборовите на Гад, кој му говореше од името Господово.
20Суд 6,11Орнан се сврте, го виде ангелот, а четворицата синови негови се сокрија. Орнан тогаш вршеше пченица.
21Дојде Давид кај Орнан. Орнан, откако погледа и го виде Давид, излезе од гумното и му се поклони на Давид ничкум до земја.
22Давид му рече на Орнан: „Дај ми го местото на гумново, јас ќе Му изградам на него жртвеник на Господ; дај ми го за онолку колку што чини, за да се прекине истребувањето на народот.“
23Орнан му одговори на Давид: „Земи го: нека мојот цар-господар прави што му е волја; еве, ги давам и воловите за сепаленици, и плуговите-за дрва, и пченицата – за принос; сето тоа го давам како дар.“
24Царот Давид му рече на Орнан: „Не, јас сакам да го купам тоа од тебе за онолку колку што чини, зашто нема да Му принесувам на Господ твој имот и нема да принесувам сепаленици од нешто, земено како подарок.“
25И Давид му даде на Орнан за она место шестотини шекели злато.
262 Мојс 19,18; 3 Мојс 9,24; Суд 6,21Па Му изгради Давид таму жртвеник на Господ и Му принесе сепаленици и помирителни жртви; и Го призва Господа, и Тој го послуша, испраќајќи оган од небото врз жртвеникот за сепаленици.
27Тогаш Господ му рече на ангелот: „Врати го мечот свој во ножницата негова!“
28Во тоа време Давид, откако виде дека Господ го послуша на гумното на Јевусиецот Орнан, таму принесе жртва.
29Ис.Н. 9,3А Господовата скинија, што беше ја направил Мојсеј во пустината, и жртвеникот за сепаленици во тоа време се најдоа на Гаваонското возвишение.
30И Давид не можеше да оди таму, за да Го побара Бога, зашто беше уплашен од мечот на ангелот Господов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.