Мудрост Соломонова 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Верата го чува Израил од идолопоклонство

1 2 Мојс 34,6-7 Но, Ти, Боже наш, си добар и вистински, долготрпелив и милостиво управуваш со сѐ.

2Ако и грешиме, ние сме Твои, ја признаваме Твојата власт; и нема да грешиме, кога знаеме дека сме призна­ти за Твои.

3Мудр 1,15; 2,23; Јн 17,3Знаењето за Тебе е полна праведност, а познавањето на Твојата власт – почеток на бесмртноста.

413,14Нас не нѐ примамува лукавата чо­вечка измислица, ниту бесплодниот труд на уметникот – ликови украсени со различни бои,

5погледот врз кои предизвикува кај безумните копнеж и желба кон без­душ­ниот изглед на мртвиот лик.

613,10И оние што ги прават, и оние што ги сакаат, и оние што ги почитуваат – сите се вљубеници во злото и достојни за таквите надежи.

Безумието на грнчарот што прави идоли

7 Ис 29,16; Рим 9,21 Грнчарот ја гмечи меката глина и грижливо изработува секаков сад за на­ша потреба; од една иста глина изработува садови за чиста и за нечиста упо­треба – за сите еднакво; а за што ќе се употреби секој од нив – одлучува грн­ча­рот.

81 Мојс 2,7; 3,19; Лк 12,20И потоа овој човек од истата глина изработува ништожен бог, кој пред малку и самиот од земја беше создаден и набргу ќе се врати таму, од каде што е земен, и ќе се побара долгот на него­ва­та душа.

9Но тој не се грижи затоа што треба многу да работи, ни затоа што животот негов е краток, но тој се натпреварува со мајстори што прават од злато и среб­ро различни изработки и се огледува на оние што работат со бакар и се гор­дее со своите гнасотии.

10Ис 44,20Срцето негово е пепел, надежта не­гова е побезначајна од земниот прав, а животот попрезрен и од калта.

111 Мојс 2,7; 5 Мојс 32,15Зашто не Го познал својот Соз­да­тел, Кој му дувнал душа делотворна и Кој му вдахнал дух на живот.

12Дела 19,24Тие животот го сметаат за забава, а живеењето за трговија, зашто велат де­ка од сѐ треба да се извлече придобивка, та дури и од злото.

13Но, таквиот знае подобро од сите дека греши со тоа што од земја прави и садови и ликови.

Безумното идолопоклонство на Египќаните

14Но, најнеразумни од сите и помало­умни и од самите доенчиња – се неприја­те­лите на Твојот народ, кој го угнетува­ат,

15Пс 114,4-7; 135,15-17; Мудр 13,18зашто ги почитуваат како богови сите пагански идоли, кои имаат очи, а не гледаат; имаат ноздри, а не дишат; имаат уши, а не слушаат, нивните прсти не допираат и нивните нозе не одат.

161 Мојс 2,7; Пс 103,29-30Иако човекот ги направил, иако ги направил со својот дух, но ниеден човек не може да направи бог, сличен на себеси.

17Бидејќи смртен, со своите безбожни раце прави мртво дело, затоа е над сво­ите божества, зашто тој живеел, а тие – никогаш.

1811,15; 12,24Освен тоа, тие почитуваат најод­врат­ни животни, што по својата глупа­вост се полоши од сите.

19Тие не се убави дури и по изглед, како другите животни, за да можат да привлекуваат кон себе, туку се лишени од Божјата пофалба и од Неговиот бла­гослов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help