Михеј 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Малку има побожни

1 Ис 24,13 Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните пло­дови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту рана смоква по ко­ја копнее душата моја.

2Ер 5,1; Ос 6,9; Пс 13,1-3Нема веќе верни луѓе по земјата, нема праведни меѓу луѓето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица.

3Ис 1,23; Ер 4,22Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците решаваат по своја волја и ја изо­па­чу­ва­ат правдата.

4Најдобриот од нив е како трн, а најсправедливиот е полош отколку ограда од трње. Денот на Твоите пос­ти, денот на Твојата казна наближува; и сега ќе ги опфати смут.

5Ер 9,4; 12,6Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја устата своја.

6Мт 10,35-36Зашто синот го угнетува татко си, ќерката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; неприја­тели на човекот му се неговите до­машни.

71 Мојс 49,18; Ис 8,17; Авак 2,1; Плач 3,26Јас, пак, гледам кон Господ, и за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот Бог ќе ме чуе.

Народот се обраќа кон Господ

8 Ис 42,7; Пс 87,6; 107,10; Јн 8,12 Не радувај се на мојата мака, не­пријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак – Господ е мојата светлина.

96,5; Ис 64,4; Варух 1,13Морам да го поднесам гневот Господов, – зашто сум згрешил пред Него – додека не го реши делото мое и не ја изрече правдата; тогаш Тој ќе ме изведе на светлина, и јас ќе ја видам правдата Негова.

10Јоил 2,17; Пс 41,3.10И ќе го види тоа мојата неприја­телка и срам ќе ја покрие онаа што ми велеше: „Каде е Господ, твојот Бог?“ И ќе го видат тоа очите мои – и таа ќе биде згазена како кал на улица.

Светла иднина

11 Ис 54,2; Неем 2,17 Доаѓа време, кога ќе се изѕидаат ѕидовите твои, во тоа време грани­ци­те ќе се прошират надалеку.

12Во оној ден ќе доаѓаат кај тебе од Асирија до Египет, од Нил до Еу­ф­рат, и од море до море и од планина до планина.

13Ер 7,34А земјата ќе биде пустина поради гревовите на жителите нејзини, и по­ради плодовите на делата нивни.

Пророковата молитва и Божјиот одговор

14 Ер 23,3; Ез 34,1; Амос 9,11; Пс 22,1-2.4; 95,7 Паси го со жезолот народот Твој, овците на наследството Свое, оние, што живеат осамени во густа шума среде овошни градини, остави ги да пасат тие во Башан и Галаад како во стародревните дни!

15Ис 40,3; Ер 32,21; Дела 13,17Ќе му покажам чудесни дела како во времето кога ти излезе од египетската земја.

16Ис 26,11Ќе го видат тоа народите и ќе се засрамат при сета таа сила; ќе стават рака на устата своја, и ушите нивни ќе се заглушат.

17Ќе лижат прав како змии, како лазачи што лазат по земја, ќе излегуваат од своите скривници; ќе се упла­шат од Господ, од нашиот Бог, и ќе се уплашат од Тебе.

Кој е како Бог?

18 2 Мојс 34,6-7; Ер 50,20; Наум 1,3; Пс 102,9 Кој Бог е како Тебе, за да ги прос­тува беззаконијата, да мине преку престапите на остатокот од Своето наследство? Тој вечно не се гневи, зашто Тој со радост се смилува.

19Ис 38,17Тој пак ќе се смили над нас и ќе ги сотре нашите беззаконија. Тој ќе ги фрли сите наши гревови во мор­ските длабочини.

201 Мојс 22,16-18; 28,13-15; Лк 1,73Ти ќе покажеш верност кон до­мот на Јаков, милост кон Авраам, ка­ко што со клетва си им ветил на предците наши од најдамнешни дни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help