Езекил 20 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Израилевата непослушност

1 Пс 106 8,1 Во седмата година, петтиот месец, десеттиот ден од месецот, дојдоа некои израилски старешини да Го прашаат Господа и седнаа пред мене.

2И дојде слово Господово до мене:

314,1-3„Сине човечки, зборувај со ста­ре­ши­ни­те израилски и кажи им – вака вели Господ Бог: сте дошле да Ме прашате? Жив сум Јас – нема да ви дадам одговор, вели Господ Бог.

422,2; 23,26Сакаш ли да се судиш со нив, сакаш ли да се судиш, сине човечки? Кажи им ги гадотиите на нивните татковци;

52 Мојс 6,2-8

2 Мојс 3,14; 5 Мојс 7,6и кажи им – вака вели Господ Бог: во оној ден кога го избрав Израил и кога ја подигнав раката Своја, се заколнав во племето на домот од Јакова, и им се от­крив во земјата египетска, и кога ја по­дигнав раката им реков: ‚Јас сум Гос­под, вашиот Бог‘.

62 Мојс 3,8.17; Ер 3,19Во оној ден, кога ја подигнав раката Своја, Јас им се заколнав дека ќе ги из­ведам од земјата египетска во земја, ко­ја Јас ја избрав за нив, и во која тече мед и млеко, најубава меѓу сите земји.

723,3; 3 Мојс 18,3И кажи им: Отфрлете ги сите га­до­тии од вашите очи и не осквернувајте се со египетските идоли – Јас сум Господ, вашиот Бог.

8Но тие се побунија против Мене и не сакаа да Ме слушаат; никој не се от­ка­жа од гадотиите на очите свои и не ги остави египетските идоли. А Јас реков: ќе го излијам врз нив гневот Свој, ќе ја исцрпам врз нив јароста Своја среде египетската земја.

936,22; Ис 48,11; Рим 6,22Но Јас постапив така заради името Мое, па тоа да не се хули пред народи­те, меѓу кои тие се наоѓаат и пред чии очи Јас им се открив, за да ги изведам од египетската земја.

10И Јас ги изведов од земјата египетска и ги доведов во пустината,

113 Мојс 18,5им ги дадов Моите заповеди и им ги објавив Моите наредби, преку кои чо­ве­кот, откако ќе ги изврши, ќе биде жив;

122 Мојс 31,13-17им ги дадов исто така и Моите са­бо­ти, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат дека Јас сум Господ што ги ос­ветува.

13Но домот Израилев се побуни против Мене во пустината: не постапија според Моите заповеди и ги отфрлија Моите наредби, преку кои човекот, ако ги исполнува, би можел да биде жив, и Моите саботи ги нарушија – и Јас реков – ќе ја излијам врз нив Својата јарост во пустината, за да ги истребам.

14Но Јас постапив заради Моето име, та да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов.

155 Мојс 1,34-35Дури и кога ја подигнав раката против нив во пустината, се заколнав дека нема да ги воведам во земјата, која бев им ја определил – во која тече мед и млеко, најубава меѓу сите земји,

16заради тоа што ги отфрлија Моите наредби, не постапија по Моите заповеди и ги нарушуваа Моите саботи; зашто нивното срце копнееше повеќе кон идолите нивни.

17Но Моето око се смили и не ги по­губи; и Јас не ги истребив во пустината.

18Им зборував на синовите нивни во пустината: Не одете по правилата на татковците ваши, не пазете ги уредбите нивни и не осквернувајте се со идолите нивни.

19Јас сум Господ, вашиот Бог: пос­та­пувајте според Моите заповеди, пазете ги уредбите Мои и исполнувајте ги.

20Празнувајте ги Моите саботи за да бидат знак меѓу Мене и вас, па да зна­ете дека Јас сум Господ, вашиот Бог.

213 Мојс 18,5; Лк 10,28Но и синовите се побунија против Мене – не постапуваат по Моите за­по­ве­ди и уредбите Мои не ги пазат, не го ис­полнуваат она преку кое човекот, от­ка­ко ќе го исполнува, ќе биде жив; ги на­рушуваат Моите саботи – и Јас реков: ќе го излијам врз нив Својот гнев, ќе ја исцрпам над нив Мојата јарост во пус­тината;

2220,9.14но јас ја отклонив раката Своја и за­ра­ди името Мое постапив инаку, за да не се хули тоа пред народите, пред чии очи ги изведов.

233 Мојс 26,33Исто така, кога ја подигнав раката Своја во пустината, се заколнав дека ќе ги расфрлам меѓу народите и развеам по земјите,

24бидејќи тие Моите наредби не ги из­вршуваа, заповедите Мои ги отфрлија и ги нарушуваа Моите саботи, а очите нивни се свртуваа кон идолите на нив­ните предци.

25Им дозволив закони и наредби што не се добри, од кои тие не можеа да би­дат живи,

262 Мојс 13,12им допуштив и да се осквернуваат со своите жртвени приноси, кога поч­наа да префрлуваат преку оган секој прв плод од утробата, за да ги разорам, па да знаат дека Јас сум Господ.

27Затоа зборувај му на домот Из­ра­и­лев, сине човечки, и кажи му – вака ве­ли Господ Бог: еве со што уште Ме ху­леа вашите татковци, кога неверно пос­тапуваа против Мене:

28Јас ги одведов во земјата, која со клетва им ја ветив дека ќе им ја дадам, от­како ја подигнав раката Своја, а тие, штом здогледаа по некој висок рид и некое разгрането дрво, почнаа таму да ги колат своите жртви и да ги ставаат таму своите приноси за мене со навреда и своите благопријатни кадива, из­вр­шу­вајќи ги таму и своите преливи.

29А Јас им реков – каква е таа ви­со­чин­ка, каде што одите? Затоа таа и до ден денс се вика Бама.

30Ете затоа, кажи му на домот Из­ра­и­лев – вака вели Господ Бог: Зар не се осквернувате по примерот на вашите татковци и зар не блудствувате со нив­ните гадотии?

31Принесувајќи ги даровите свои и префрлувајќи ги синовите свои преку оган, вие се осквернувате со сите ваши идоли до овој ден – па Ме прашувате за совет, доме Израилев? Жив сум Јас, вели Господ Бог, нема да ви одговорам.

32И она, што ви паѓа на ум, никако нема да се изврши. Вие велите: ‚ќе му служиме на дрвото и на каменот како незнабошците, како племињата од дру­ги земји.‘

Бог казнува и простува

33Жив сум Јас, вели Господ Бог; со силна рака и со протегната десница, из­ливајќи јарост, ќе господарам над вас.

3420,41И ќе ве изведам Јас откај народите и од земјите, по кои сте распрснати, и ќе ве соберам со силна рака и со протег­на­та мишка, изливајќи јарост.

35И ќе ве доведам во пустината на на­родите и таму ќе се судам со вас лице во лице.

36Како што се судев со предците ва­ши во пустината на египетската земја, така ќе се судам и со вас, вели Господ Бог.

3734,17И ќе ве преведам под стап и ќе ве ставам во оковите на заветот.

38И ќе ги одделам од вас отстапни­ци­те и непокорните. Ќе ги изведам од земјата, каде што живеат, но во земјата из­раилска тие нема да влезат, – и ќе познаете дека Јас сум Господ.

39А вие, доме Израилев, така вели Господ Бог – секој од вас оди кај идоли­те свои и им служи, не слушајќи Ме Мене, но не осквернувајте го повеќе светото име Мое, со вашите дарови и со вашите идоли,

4040,2зашто на Мојата света гора, на ви­соката планина Израилева – вели Гос­под Бог – таму ќе Ми служи сиот Из­ра­и­лев дом, целиот, колку што го има на земјата; таму ќе ги примам со благо­во­ле­ние и таму ќе ги побарам приносите ва­ши и првините ваши со сите ваши светињи.

4120,34; 2 Кор 6,17; Фил 4,18Ќе ве примам како благопријатно кадиво, кога ќе ве изведам од народите и ќе ве соберам од земјите, по кои сте распрснати и ќе ја покажам Својата светост меѓу вас пред очите на народи­те.

42Па ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе ве воведам во земјата Из­ра­ил­ска – во земја, за која се заколнав на тат­ковците ваши, откако ја подигнав раката Своја.

43И ќе се сетите таму за вашите па­тишта и за сите ваши дела, со кои се ос­квернувавте, па ќе се гадите од самите себе, за сите ваши злодела што сте ги вршеле.

44И ќе познаете дека Јас сум Господ, кога ќе почнам да постапувам со вас за­ради името Свое, не според вашите ло­ши патишта и вашите развратни дела, доме Израилев, вели Господ Бог.“

Против југот

45И дојде слово Господово до мене:

46„Сине човечки, сврти го лицето свое кон југ и кажи збор против југ и искажи пророштво врз гората во полето Негев.

47И кажи ѝ на гората во Негев: чуј го словото Господово – така вели Господ Бог: Еве Јас ќе запалам во тебе оган и тој ќе го проголта секое зелено дрво и секое суво дрво во тебе; и нема да угас­не разбаботениот пламен, и тој ќе из­го­ри сѐ од југ до север.“

48Лк 23,21И секое тело ќе види дека Јас, Гос­под Бог, го запалив и тој нема да угасне.

49А Јас реков: „О, Господи Боже, тие велат за мене: – не зборува ли при­каз­ни?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help