Езекил 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Гог е алатка во Божји раце

1 Откр 20,8 И дојде слово Господово до мене:

2„Сине човечки, сврти го лицето свое кон Гог во земјата Магог, кон кнезот на Рош, Мешех и Тувал, изречи пророш­тво против него.

3И кажи им – вака вели Господ Бог: ‚Еве, Јас сум против тебе, Гог, кнезу на Рош, Мешех и Тувал.

4Ќе те вратам и ќе ставам алка на твојата челуст; ќе те изведам тебе и се­та твоја војска, коњите и коњаниците, сите храбри јунаци, многубројни борци, во оклопи и со штитови, сите воору­же­ни со мечеви.

5Персијците, Етиопјаните и жи­те­ли­те на Пут со нив, сите со штитови и со шлемови.

6Гомер со сите чети, домот на То­га­р­ма од северните предели, со сите свои чети, многу народи со тебе.

7Готви се и приготви се – ти и сите твои чети собрани кај тебе и биди им водач.

8По многу дни ти ќе бидеш посетен; во последните години ќе дојдеш во зем­ја избавена од меч, собрана меѓу многу народи на израилските планини, кои беа долго време запустени, но сега жители­те нејзини ќе бидат повратени откај на­родите, и сите тие ќе живеат спокојно.

9Ис 5,28; Ер 4,13Па ќе се кренеш како бу­ра, ќе трг­неш како црн облак за да ја покриеш земјата, ти и сите твои чети и многу на­роди со тебе.‘“

10Така вели Господ Бог: „Во оној ден ќе ти дојдат на срцето мисли и ти ќе по­мислиш да направиш нешто лошо.

11И ќе речеш: ‚ќе се кренам против не­оградена земја, ќе појдам против мирните кои живеат безгрижно – сите тие живеат без ѕидови и кај нив нема ни ре­зиња, ни порти,

12за да грабаш и да насобереш плен, да ставиш рака врз одново населените урнатини и врз народ собран откај народите, кои се занимаваа со добитокот и имотот свој, кој живее на папокот од земјата.‘

13Сева и Дедан и таршишките трговци со сите нивни млади лавови ќе ти ре­чат: ‚Ти дојде да извршиш грабеж, ја собра твојата војска за да земеш плен, да земеш сребро и злато, да одземеш до­биток и имот, да заграбиш голем плен.‘“

14Затоа изречи пророштво, сине чо­вечки, и кажи му на Гог – вака вели Господ Бог: „Па зар не ти е познато де­ка во оној ден народот Мој Израил ќе заживее во мир?

15И ќе тргнеш од твоето место, од се­верните предели, ти и многу народи со тебе, сите на коњи, голем собир и мно­губројна војска.

16И ќе се кренеш против Мојот на­род, против Израил, како црн облак, за да ја покриеш земјата: тоа сѐ ќе биде во последните дни, и Јас ќе те доведам во Мојата земја, та народите да Ме познаат кога ќе се појавам над тебе, Гог, Мојата светост пред очите нивни.“

17Така вели Господ Бог: „Не си ли ти оној, за кого зборував во дамнешните дни преку Моите слуги, пророците из­раилски, кои пророкуваа тогаш дека Јас ќе те доведам против нив?“

Казна против Гог

18„Во оној ден, кога ќе дојде Гог против израилската земја, вели Господ Бог, Мојот гнев ќе пламне во Мојата јарост.

19Лк 21,11; Откр 6,12; 11,13И во Мојата ревност, во огнот на Моето негодување, Јас реков: навистина во оној ден ќе настане голем потрес во земјата израилска.

20Откр 8,8И од лицето Мое ќе затреперат ри­бите морски и птиците небески, и ѕве­ро­вите полски и сѐ што се влече и лази по земјата, и сите луѓе што се наоѓаат на земјата; ќе се соборат планини, ќе по­па­ѓаат карпи и сите ѕидови ќе паднат на земја.

21И по сите Мои планини ќе повикам меч против него, вели Господ Бог; ме­чот на секој човек ќе биде против братот негов.

22Лк 21,11; Откр 8,7; 14,10; 20,9И ќе му судам преку помор и крвопроливање ќе излијам врз него и вој­ски­те негови и врз многуте народи што се со него, силен дожд и град како камења, оган и сулфур.

23Пс 9,15-16Ќе го покажам Моето величие и Мојата светост и ќе се појавам пред очите на многу народи – и тие ќе позна­ат дека Јас сум Господ.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help